Моден викенд Скопје слави Сребрен јубилеј

Четвртина од 100 или прв „Сребрен“ јубилеј. Да, преубава бројка, преубав повод да ве поканиме на 25-тото издание на Моден Викенд Скопје.

Четири дена по почетокот на календарското лето, едно од најголемите модни случувања во земјава се враќа во Скопје. И тоа не било каде, туку во Градскиот парк. Симболот на младите, на авантуристите, на македонската авангарда и андерграунд. Впрочем, сите оние модерни зданија во градот и оние урбани ликови кои му даваат толку големо значење на Скопје како метрополоа, сите доаѓаат од едно место. Од „улицата“. Или ајде, ќе бидеме малку поблаги, затоа што улицата многу знае да звучи егоцентрично, па дури и несфатливо за помладите генерации, па затоа, Градскиот парк нека биде поприфатливата метафора за сето она што е убаво во главниот град.

25-то издание на Моден Викенд под мотото: „Discover Who’s Next Graduation Show“ e за сите млади луѓе, за сите факултетлии, но и за сите оние бубачки и шумски ѕверки кои сакат да ја пренесат нивната приказна и порака преку модата.

Живееме во една модерна ера во која сме сведоци на младите кои секојдневно се повеќе имаат интерес за модата,  за нејзино креирање, па дури и за нејзиното „сетирање“. Деновиве се повеќе слушаме за NFT мода, за дигитални артисти, па нема да бидеме изненадени ако наскоро „новата генерација“ што ќе се претстави на Модниот викенд во Скопје ја видиме на некој од билбордите во Њујорк, Париз, Хонгконг како дел од некоја ултра модерна NFT модна колекција. Но, за тоа останува само времето да покаже, нели?

Езерцето во парк било и ќе остане „љубовно гнездо“  за многу љубови во Скопје, па затоа, ние ве покануваме токму таму да бидете дел од најновото издание, за со сигурност и со ветување ви кажеме дека ќе се заљубите барем во еден модел од артистите.

Remote video URL

Оваа сезона Моден викенд Скопје им го отстапува местото на новите генерации на модни дизајнери, па така, ревиите на студентите од ДУЦОР „Партенија Зографски“, Скопје, дипломците од Универзитет „Гоце Делчев“, Штип (Технолошко- технички факултет), и студентите при Американски универзитет на Европа-ФОН (Факултет за дизајн и мултимедија) ќе бидат само дел од оние што ќе продефилираат низ Градскиот парк.

Интернационалниот институт за мода Изет Цури ќе се претстави со колекцијата на Шќипоње Абудили, а тука ќе бидат и Европскиот Универзитет, Скопје (Факултетот за арт и дизајн), Џолев и Уметностите-со нивната школа за дизајн, уметност и технологија „Скала“, и на крај, тука се и Институт за дизајн и инженеринг на облека, УКИМ.

Посетителите на овој „летен“ Моден Викенд ќе имаат чест за првпат да се запознаат со Националниот младински совет на Македонија, вклучително и Првиот саем за вработување млади во модната индустрија.

Ива Дујак од Creative Talks ќе биде модеротор на кружната маса на тема: „Елаборирање и преиспитување на придонесот на дизајнерите во општеството“.

Зад графичкиот идентитет на настанот стои Јана Марковска со креативнотот студио DO:MORE, додека 3Д анимираниот концепт е дело на Ѓорѓи Десподов.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Живот

Како сами да направите антицелулитно масло?

Read more

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more
 

Магазин

5 здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Читај повеќе
  • play_arrow

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Читај повеќе

Што ни се случува во телото ако не јадеме доволно зеленчук?

Читај повеќе

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Читај повеќе