Модриќ по дебаклот на Реал: Ова нема да нè дотолчи

Манчестер Сити го совлада Реал Мадрид со 4:0 на „Етихад“ во реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите и го доби финалето со Интер со вкупен резултат 5:1.

Фудбалерот од средниот ред на Реал, Лука Модриќ ги сподели своите размислувања по натпреварот.

„Тоа е спорт, понекогаш победуваш, а понекогаш губиш. Сити заслужи да оди во финалето. Не бевме добри. Секако, сакавме да играме подобро, но Сити беше супериорен. Треба да им честитаме и тоа е тоа“, изјави Модриќ, кој ја напушти играта во 63. минута.

Шпанските медиуми беа непријатно изненадени од играта на Реал, а голманот Тибо Куртоа беше единствениот кој ги избегна критиките.

„Кога ќе се изгуби овде тоа е голема работа, јас сум добро свесен за тоа. Знам дека сега многу луѓе нè критикуваат, но тука сме. Треба да знаеме како да се справиме со тоа. Критиките нема да нè дотолчат. Прифаќаме конструктивна критика“, изјави Модриќ.

Тој одговори и на прашањето дали циклусот е завршен за оваа екипа.

„Сега не е време да навлегуваме подлабоко во таа тема. Овој тим има уште многу да даде“.

Дел од медиумите го отворија прашањето за останувањето на клупата на Карло Анчелоти, кој сезонава освои три од можни шест трофеи.

„Мислам дека тренерот треба да остане“, вели Модриќ и додава:

„Не се сомневам дали треба да остане бидејќи освои сè откако дојде овде. Минатата сезона беше неверојатна, оваа сезона исто така беше одлична до Светското првенство (во декември) и потоа загубивме во првенството што не го сакавме, но тоа е фудбалот“.

Критичарите го обвинуваат Анчелоти што не можеше ни да ја одбрани титулата шпански првак, каде Барселона на пет кола пред крајот ја освои титулата.

„Но до денес бевме добри во Лигата на шампионите, а го освоивме и Купот. Анчелоти заслужи да продолжи тука поради сè што постигна, поради се што прави и поради неговото искуство, поради неговиот квалитет. Добро игравме досега, така што нема потреба да правиме драма од оваа. Неопходно е да се заврши сезоната на најдобар можен начин“, изјави Модриќ.

Тагови
реклама

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more
skopski-maraton-2014-niz-fotografii_121829.jpg

Изменет сообраќаен режим поради утрешниот Скопски маратон

Read more

Фудбал

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Read more

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Read more

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Read more

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more
 

Спорт

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе
  • play_arrow

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Читај повеќе

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Читај повеќе
  • play_arrow

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Читај повеќе

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе