Модриќ по стапките на Ибра: Дали ќе го повтори и неговиот камбек?

Лука Модриќ е на залезот на својата кариера, а со тоа доаѓа и намалувањето на улогата во Реал Мадрид и сѐ погласни се шпекулациите за неговото заминување.

Модриќ наполни 35 години. Кога игра, тој игра одлично, но не може постојано да игра во тој ритам и Зинедин Зидан го истиснува од ударната постава.

Биологијата си го прави своето, барем ако ги прашате шпанските спортски новинари, па Fichajes пишува дека од овие причини Реал нема да му понуди на Модриќ нов договор и дека капитенот на хрватските „Огнени“ треба да се пресели „од другата страна на големата бара“.

URL

Сѐ погласни се шпекулациите за трансфер на Хрватот во ЛА Глакси, каде отидоа многу ѕвезди во последните години, од Дејвид Бекам до Златан Ибрахимовиќ, а добар стимул се 10-те милиони евра што ги нуди Галакси. Ова би го направило Лука Модриќ најплатен играч во МЛС.

URL
Remote video URL

Ибрахимовиќ, кој исто така има балкански корени, дојде во ЛА Галакси во март, 2018 кога имаше 37 години. Славниот Ибра освен што постигна неверојатни резултати во американската лига, успеа да направи камбек во една од најсилните лиги во Европа и повторно да заигра за италијански Милан каде во моментов е најдобар стрелец во лигата и главен мотиватор во редовите на „росонерите“.

Дали Модриќ ќе ги следи стапките на Ибра и ќе игра активно и на прагот на 40-тата, останува да видиме.

реклама

Фудбал

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Read more

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Read more

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Read more
 

Спорт

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Читај повеќе

Леброн одговори на прашањето дали ќе остане во Лејкерс

Читај повеќе

Битка на титаните: Баерн и Реал по осми пат играат за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ ги испрати Леброн и Лејкерс на годишен одмор

Читај повеќе

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Читај повеќе