Модриќ: Сакам да покажам дека годините не се проблем

Лука Модриќ вели дека разговорите со Реал Мадрид за продолжување на договорот, што истекува на 30 јуни, „одат во вистинската насока“.

„Разговарам со клубот и сè оди во вистинска насока. Среќен сум како се одвиваат работите, но не можам да кажам повеќе", рече Модриќ (35) на прес-конференцијата во шпанскиот град Малага, каде вечерва Реал Мадрид и Атлетик Билбао ќе играат полуфинален натпревар од Суперкупот на Шпанија.

„Тука сме веќе три дена и се чувствуваме добро. Впечатокот е позитивен. Пред нас е важен натпревар, па затоа се подготвуваме многу добро за тоа“, изјави Модриќ. Откако го облече белиот дрес на „Кралскиот клуб“ во 2012 година, тој освои три Суперкупа на Шпанија. Тоа беше и негов прв трофеј по пристигнувањето од лондонски Тотенхем.

Сакам да покажам дека годините не се проблем

Модриќ во моментов е најстариот играч во Реал Мадрид, а тренерот Зинедин Зидан константно го има во почетниот состав од крајот на октомври. Во последно време не го штеди како на почетокот од сезоната.

„Тоа е одлука на тренерот. Нема потреба да барам други причини. Тука, кога на некого ќе му дојде редот да игра, дава сè од себе", изјави хрватскиот играч за врска зад кого се 23 натпревари сезонава. Постигна четири гола и асистираше еднаш.

„Не сменив ништо особено за да бидам во ваква форма. Имам многу силна желба да покажам дека годините не се проблем. Не треба да се гледа возраста, туку да се покаже својата вредност на теренот“, изјави „десетката“ на Реал Мадрид.

Сè најдобро за Рамос

На 30 јуни истекуваат договорите на крилниот играч Лукас Васкес и на капитенот Серхио Рамос. Преговорите меѓу стоперот Рамос, кој во март ќе наполни 35 години и администрацијата, предводена од претседателот Флорентино Перес и извршниот директор Хосе Анхел Санчес, не напредуваа.

„Му посакувам сè најдобро за Серхио затоа што ми е пријател. Нема да застанам на едната или на другата страна. Тоа е прашање меѓу Серхио и клубот, исто како што мојот случај е прашање меѓу мене и клубот. Не можам да се ставам на ничија страна, ова се индивидуални ситуации за секој од нас“, истакна Модриќ.

Поради пандемијата, Суперкупот на Шпанија оваа сезона не се игра во Саудиска Арабија како минатата, туку на југот на Шпанија. Победникот од натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Атлетик ќе игра во финалето против Барселона, која славеше против Реал Сосиедад вчеравечер на пенали.

Тагови
реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Фудбал

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Read more

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Read more

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Read more

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Читај повеќе

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Читај повеќе

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Читај повеќе

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе