Моќен говор на Николоски пред Советот на Европа: Радев и Јотова спроведуваат екстремна политика на негирање кон Македонците

Во извештајот е правилно напишано дека за да се спротивставиме на овие предизвици за основните вредности што Советот на Европа има за цел да ги поддржува, извештајот повикува на зајакнато придржување кон основните вредности. Ова вклучува зајакнување на законодавството за спротивставување на екстремно десничарскиот екстремизам, подобрување на образованието и медиумската писменост и борба против онлајн радикализацијата, истакна Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Европа.

Посочи дека во Нацрт-резолуцијата се нагласува дека политичарите и политичките партии треба да бидат во првите редови и да одговорат на крајниот десничарски екстремизам, како во јавната одбрана на човековите права и демократските принципи, така и во недвосмисленото отфрлање на сите форми на расизам и нетолеранција, тоа е нешто што мора да го направиме овде.

„Крајно десничарската идеологија можеме да ја најдеме во многу земји-членки на Советот на Европа.

Сакам да го потенцирам примерот на Бугарија, каде претседателот на државата Румен Радев и потпретседателката Јотова спроведуваат крајно десничарско екстремистичка политика. Радев и Јотова го користат членството на Бугарија во ЕУ за да ѝ наметнат вето на Македонија, барајќи од Македонците да ја променат историјата, јазикот и културата за да започнат преговори за пристапување.

Истовремено, тие не им даваат никакви човекови права на Македонците кои живеат во Бугарија, лишувајќи ги од правото на самоопределување, употреба на мајчин јазик и право на образование и здружување. Во последните месеци тие отидоа чекор понатаму барајќи од Македонците во Албанија да го сменат идентитетот од Македонци во Бугари. Во Албанија никогаш немало Бугари и со векови живеат Македонци. Но, Бугарија ја уценува Албанија со нејзиниот напредок кон ЕУ барајќи од нив да им наметнат нов идентитет на своите граѓани. Ќе се согласите дека ова не се европски вредности. Ова е крајно десничарски екстремизам и идеологија што се случува во XXI век. И затоа треба да се бориме“, нагласува Николоски во својот говор.

Тие, како што вели, ги користат сите средства за да најдат ваков идентитет таму каде што не можат да најдат.

„На граѓаните им нудат пасоши кои се и ЕУ пасоши само за да се изјаснат поинаку од тоа што се. Тие го злоупотребуваат своето членство во ЕУ за да го променат националниот идентитет. Затоа барам ЕУ да ја преиспита својата политика кон Бугарија и да не дозволи злоупотреба на нивното право на државјанство и пасоши за политички цели и промена на националниот идентитет.

Така Бугарија го продолжува овој пример на национална асимилација. Го уценуваат Македонецот, ставаат вето и ја запираат Македонија да стартува преговори за членство со ЕУ, исто така не ги почитуваат човековите права на Македонците во Бугарија и не ги спроведуваат пресудите на Европскиот суд за човекови права и ја уценуваат Албанија обидувајќи се да најде идентитет што не постои.

Нема да успеат. Но, ова е најдобар пример за крајно десничарска идеологија, и затоа го поддржувам овој извештај кој треба да даде насоки во борбата против овој крајно десничарски екстремизам и крајно десничарска идеологија“, порача потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Европа.

Remote video URL
реклама

Хајди Клум ги прекрши сите правила на Канскиот филмски фестивал

Read more

Лето 2025: Топ 5 најевтини места за одмор за македонските туристи

Read more

Зверев: Готово е, Ѓоковиќ е мојот тренер

Read more

Од полноќ нова цена на дизелот

Read more

Македонија

Таравари официјално поднесе оставка

Read more

Од полноќ нова цена на дизелот

Read more

За 2025 година Владата утврди квота од 10.000 работни дозволи за странци

Read more

МВР апелира: На матурска прослава без автомобил, без консумирање алкохол

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Да не остане покусо од Путин: И Зеленски праќа делегација на преговорите

Читај повеќе

Таравари официјално поднесе оставка

Читај повеќе

Избрани драмски текстови за пичинг-форумот „Драмолетање“

Читај повеќе
  • filter

Како поминавме на промоцијата на DYSTOKYO во Скопје?

Читај повеќе
  • play_arrow

Драма над Балтикот: Блиска средба на руски и НАТО авиони поради танкер

Читај повеќе

Од полноќ нова цена на дизелот

Читај повеќе

ЕУ со нов данок сака да го отплати долгот од пандемијата

Читај повеќе

За 2025 година Владата утврди квота од 10.000 работни дозволи за странци

Читај повеќе

Трамп објави: Непријателствата меѓу Пакистан и Индија се решени

Читај повеќе