НБА 2023/2024

Монструозниот Вембанјама продолжува да руши рекорди

Иако неговиот Сан Антонио Спарс кубури со резултатите, што донекаде е и очекувано со оглед на силната конкуренција на Западот, Виктор Вембанјама полека почнува да ја оправдува еуфоријата која не стивнува од неговото доаѓање во НБА лигата.

Заедно со Чет Холмгрен, тој е прв кандидат за руки во сезоната, а за тоа дека младиот Французин е на добар пат до ова признание говори и неговата игра од синоќа, кога го имаше највпечатливиот настап против Торонто Репторс откако пристигна на најголемата кошаркарска сцена во светот.

Вембанјама со 71% шут од поле ги предводеше Спарс до убедлива победа (122:99), а за само 29 минути на теренот запиша трипл-дабл со 27 поени, 14 скока и дури 10 блокови. Дополнително, додаде и 5 асистенции, но посебно вниманието на себе привлече со бројот на „бананите“ што им ги подели на Репторс.

Remote video URL

Така, Вембанјама стана само петтиот кошаркар во историјата со скор 25-10-5, приклучувајќи се на вечната листа на великани како Хаким Олаџувон, Карим Абдул-Џабар, Дејвид Робинсон и Ралф Семсон. Додека синоќа стана четвртиот играч во историјата на Спарс со најмалку 10 блокови на еден натпревар и прва „рака“ по Тим Данкан, кој забележа минимални 20 поени, заедно со 10 скока и 5 блокови на еден меч.

За споредба, само тројца руки од сезоната 1973/1974 имаа трипл-дабл учинок со блокови, а тоа се Дејвид Робинсон, Ралф Семсон и Марк Итон.

реклама

Кој хороскопски знак е магнет за пари во март 2026 година?

Read more

Од полноќ нови цени на горивата

Read more

Колку минути треба да пешачите дневно за да слабеете после 40-тата година?

Read more

Најубавото девојче во светот денес има 24 години и сподели голема вест

Read more

Кошарка

Дончиќ постигна 35 поени во победата на Лејкерс, Букер блескаше во триумфот на Санс

Read more

Како реагираше Јокиќ откако го удри Дончиќ?

Read more

Леброн сруши рекорд за кој многумина мислеа дека никогаш нема да биде срушен

Read more

Македонските кошаркари паднаа две места на ранг-листата на ФИБА

Read more
 

Спорт

Лапорта: Реал Мадрид 72 години ги контролира судиите 

Читај повеќе

Дали војната ќе го одложи Мундијалот?

Читај повеќе
  • play_arrow

Пет ирански фудбалерки со драматично бегство се спасија од режимот

Читај повеќе

Навивач го исклучи ВАР среде натпревар, настана хаос 

Читај повеќе

Чави откри кој ставил вето на враќањето на Меси во Барса

Читај повеќе
  • play_arrow

Дончиќ постигна 35 поени во победата на Лејкерс, Букер блескаше во триумфот на Санс

Читај повеќе
  • play_arrow

Масовна тепачка во бразилското финале: Судијата подели 23 црвени картони

Читај повеќе

Зошто Бекам не отиде со Интер Мајами кај Трамп?

Читај повеќе
  • play_arrow

Арда Ѓулер одби да се поздрави со тренерот на Реал откако го замени

Читај повеќе