Москва и Турција ја потврдија втората заедничка воздушна операција во Сирија

Руските и турските воздухопловни сили на 21 јануари извеле заедничка операција против терористичката група Исламска држава во областа на сирискиот град Ал-Баб, потврди  Министерството за одбрана во Москва.

Во кусото соопштение, во кое не се изнесени повеќе детали за операцијата, се истакнува дека за оваа операција согласност дала владата во Дамаск. Се додава дека во воздушните удари учествувале три руски и четири турски борбени авиони, и вкупно било дејствувано врз 22 цели во северната сириска покраина Алепо.

Првата заедничка воздушна операција на руските и турските воздухопловни сили беше изведена на 18-ти јануари. Во неа учествуваа девет руски летала: четири „Су24М“, четири „Су-25“ и еден „Су-34“, како и осум турски – по четири воздухоплови од моделите „F-16“ и „F-4“. Притоа биле гаѓани 34 цели на џихадистичката групација.

Во Москва ја истакнаа „високата ефикасност на заедничките активности“ на руските и турските борбени групи.

реклама

Свет

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Read more

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Read more

AstraZeneca призна дека нејзината вакцина против COVID-19 може да предизвика несакани ефекти

Read more

Пивската партија влегува во изборната трка во Австрија

Read more
 

Вести

Мојсоска: На 8 мај младите ќе стават крај на истрошените елити кои немаат што да понудат

Читај повеќе

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Читај повеќе

Без струја дел од корисниците на Волково и Кучково

Читај повеќе

Променливо облачно, попладне дожд

Читај повеќе

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Читај повеќе

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Читај повеќе

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Читај повеќе