Москва: Кина има право да преземе чекори за заштита на својот суверенитет и територијален интегритет

Русија соопшти дека Кина има право да ги преземе „неопходните мерки за заштита на својот суверенитет“, посочувајќи ја како „јасна провокација“ посетата на претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес Ненси Пелоси на Тајван.

„Кинеската страна има право да ги преземе неопходните мерки за заштита на нејзиниот суверенитет и територијален интегритет во врска со проблемот со Тајван“, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

Руското МНР истовремено го повика Вашингтон „да се воздржи од акции што ја поткопуваат регионалната стабилност и меѓународната безбедност и да ја препознае новата геополитичка реалност во која повеќе нема место за американската хегемонија“.

Претходно синоќа портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека посетата ги подгрева „зголемените тензии” во регионот и го обвини Вашингтон дека го избрал „патот на конфликтот“.

„Сакаме уште еднаш да истакнеме дека сме целосно солидарни со Кина, нејзиното однесување по однос проблемот е разбирливо и целосно оправдано“, рече тој.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, рече дека „Вашингтон внесува дестабилизација во светот, ниту еден разрешен конфликт со децении, а многу поттикнати судири“.

Независно од силното противење и негодување на Кина, Пелоси синоќа пристигна во Тајван, што е прва посета на висок американски функционер на островот во последните 25 години.

Пекинг предупреди дека нејзиното доаѓање ќе го смета за голема провокација. Кинеската армија соопшти дека ќе „покрене серија насочени воени акции како одговор“ на таа посета.

Тагови
реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Македонија

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Read more

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Read more

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Read more

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Read more
 

Вести

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе