СЕРИЈА А 2021/22

Мурињо ја објасни разликата помеѓу Рома и Аталанта

Тимот на Жозе Мурињо се наоѓа пред голем предизвик бидејќи утре има тешко гостување во Бергамо кај силната Аталанта, тим за кој португалскиот стратег не трошеше пофални зборови.

„Постои фундаментална разлика помеѓу мене и Гасперини: тој во Аталанта работи веќе 6 години, а јас сум во Рома 6 месеци“, почна Мурињо прашан од новинарите која е разликата помеѓу неговиот тим и утрешниот противник.

Нормално, кога Мурињо ќе почне да одговара на прашање, одговорот често знае да се претвори во цела една лекција, што беше случај и на денешната официајлна прес-конференциј.

„Тоа не значи само повеќе тренинг сесии, туку и 12 трансфер периоди наспроти еден. Аталанта се фантастичен клуб, многу стабилен. Ги знаев како просечен тим од средината на табелата, но сега редовно се во Лигата на шампионите и се во игра за Скудетото“.

Аталанта сезонава можеби не успеа да ја мине групата од Лигата на шампиони, но ќе продолжи во Лига Европа, а во Серија А успеа да фати приклучок кон водечните Интер, Милан и Наполи.

„Ние сме под нов сопственик кој според мене работи одлично, кој во летниот преоден рок мораше да вложи дополнителен напор на трансфер пазарот. Минав многу години во клубови со тотално различен менталитет, на кои сѐ им беше од денес за денес, без да мислат на иднината“, уверува Мурињо дека клупската управа одлично си ја врши работата работејќи на долги патеки.

„Постои значителна разлика помеѓу двата клуба, но постои и нешто за кое воопшто не се двоумам: можеме да ги победиме. Фудбалот е фудбал, имаме талентирани играчи, фантастичен тимски дух и ќе одиме на победа“.

„Доколку ми понуди некој реми во Бергамо без игра, нема да прифатам. Сакам да се предзивикам самиот себе против Аталанта, со почит и восхит кон нивната работа“, заврши тој.

Натпреварот се утре од 15:00 часот на „Гевис“ стадионот во Бергамо. Ќе суди Масимилиано Ирати. Аталанта во ова 18. коло влегува како трета со 37 бода, а Рома е шеста со 28.

Тагови
реклама

Фудбал

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Read more

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Read more

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Read more
 

Спорт

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Читај повеќе

Леброн одговори на прашањето дали ќе остане во Лејкерс

Читај повеќе

Битка на титаните: Баерн и Реал по осми пат играат за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ ги испрати Леброн и Лејкерс на годишен одмор

Читај повеќе

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Читај повеќе