Муту си пресади коса во Турција и го опиша зафатот: Не е лесно, но преспав

Во последно време, трансплантацијата на коса стана сѐ попопуларна практика меѓу познатите фудбалери, а сега во тимот се приклучи уште еден легендарен играч.

Станува збор за познатиот романски и поранешен напаѓач на Челси, Адријан Муту, кој моментално е тренер на романски Клуж.

Познатиот Романец сподели фотографии од третманот за трансплантација на коса. Тој ја искористи репрезентативната пауза за да отпатува за Турција и да изврши трансплантација во една од најпопуларните клиники за вакви зафати.

„Косата почнува да ви опаѓа и веќе не оди така. Времето никому не простува. Не сте виделе како е на интервјуа кога светлината ќе ве удри во главата, како изгледа. Сепак, помина. Не беше болно, преспав. Лекувањето трае три часа, не беше толку едноставно“, изјави Муту за турскиот Fanatik.

Еден од најпопуларните романски фудбалери на сите времиња во текот на својата кариера играше за гиганти како Јувентус, Интер, Челси и Фиорентина, како и за Верона, Парма, Ливорно, Чезена, Ажаксио, Петролул, Пуне Сити, бикурешки Динамо и Аргеш. И покрај ова, сите се свесни дека тој не ја направи кариерата што можеше да ја има, а главната причина беа проблемите со неговото однесување надвор од теренот.

За романската репрезентација одигра 77 натпревари и постигна 35 голови. Во 2004 година на минута пред крајот го постигна победничкиот гол за 2:1 на квалификацискиот натпревар против Македонија во Крајова. За Романија играше на ЕУРО 2000 и 2008. Кариерата ја заврши во 2016 година во дресот на Таргу Муреш и веднаш стана тренер.

реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Фудбал

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Read more

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Read more

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Read more

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Читај повеќе

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Читај повеќе

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Читај повеќе

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе