МВР: За безбедноста на 4 февруари не се ангажирани припадници на бугарската полиција

Министерството за внатрешни работи синоќа ги демантираше информациите дека за безбедноста в сабота кога ќе се одбележува 151-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев ќе бидат ангажирани и бугарски полицајци.

-Станува збор за комплетна дезинформација и извртување на факти, имајќи ги предвид соопштенијата кои деновиве, во пресрет на чествувањето на роденденот на Гоце Делчев ги сподели МВР со јавноста, како и неколкуте медиумски гостувања на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски токму на оваа тема, што за еден новинар, кој без да праша, а притоа пласира небулози криејќи се зад потписот „Администратор“ е недозволиво и срамно, реагира МВР на пишувањата на портаролот „Макпрес“.

Од МВР потенцираат дека македонската полиција постапува самостојно, по претходно изготвен оперативен план и е подготвена во целост, не само за овој настан, туку и за сите настани, да направи сѐ за да ги сочува мирот и стабилноста на државата и граѓаните.

- Со изнесувањето на овие дезинформации, порталот Макпрес ги доведува во заблуда граѓаните на Република Северна Македонија и наместо да помогне во достоинствено одбележување на роденденот на великанот Делчев, што подразбира ангажирано и одговорно пренесување на проверени информации, а не одработување за нечии деструктивни влијанија со пласирање лаги кои имаат за цел само да наштетат не само на работењето на полицијата како гарант на редот, безбедноста и владеењето на законите, туку и на угледот на државата, се вели во демантот од Министерството за внатрешни работи.

Бараат порталот да го повлече текстот и да се извини, а тоа да го сторат и сите останати портали кои го пренеле.

реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Македонија

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Read more

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Read more

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Read more

Од полноќ пониски цени на горивата

Read more
 

Вести

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Читај повеќе

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Читај повеќе

Самостојна изложба на Камуран Горанци, Код 4

Читај повеќе

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Читај повеќе

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Читај повеќе

Кривични против поранешен градоначалник на скопска општина и директорка на детска градинка

Читај повеќе

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Читај повеќе

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Читај повеќе

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Читај повеќе