МЗ: Од денеска пријавување за вакцинација против сезонски грип

Министерството за здравство (МЗ) информира дека од денеска преку страницата vakcinacija.mk почнува пријавувањето за вакцинација од сезонски грип и нагласува дека и оваа година набави 40.000 бесплатни дози четиритипни вакцини против сезонски грип за ризичните групи.

Овие вакцинки, како што посочуваат, ќе можат да ги добијат стари лица над 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени и децата на возраст од 6 месеци до 5 години.

-Веќе трета година по ред вакцината за овие групи граѓани е бесплатна. Поради зголемената побарувачка на вакцини против грип на глобално ниво, се прават напори количините на вакцини да пристигнат во што побрз рок. Нагласуваме дека не е доцна, граѓаните да се вакцинираат против грип во ноември или декември, бидејќи согласно епидемиолошките податоци, оваа болест во последните десетина сезони го достигнува пикот кон крајот на месец февруари, истакнуваат од Министерството за здравство  и додаваат дека пријавувањето за вакцинација против сезонски грип ќе започне од денеска преку страницата vakcinacija.mk.

Со пополнување на формата, прецизираат од МЗ, заинтересираните се регистрираат за вакцинација директно во системот Мој Термин. Согласно распоредот предвиден во планот за вакцинација, по пат на СМС ќе добијат информација за точниот датум и час кога треба да се вакцинираат на пунктот кој ќе го изберат при регистрацијата.

-Вакциницијата против грип не штити од COVID-19, но е многу значајна во услови на пандемија со COVID-19 и влијанието на здравствениот систем. Во состојба на олабавување на рестриктивните мерки кога се враќаат социјалните контакти и патувањата се зголемува ризикот од ко-циркулација на COVID-19 и грип. Со тоа може да очекуваме оптоварувањето од сезонскиот грип да биде надополнето со оптоварувањето од COVID-19. Ризичните групи за грип, се истите кои се под најголем ризик и од COVID-19, поради што им се препорачува вакцинација против грип. На тој начин ќе се избегне и дополнително оптоварување на здравствениот систем, бидејќи лицата заболени од грип би се хоспитализирале во ковид центрите, посочуваат од Министерството за здравство. 

реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Македонија

Мицкоски: Да излеземе да гласаме, за да не можат да нѐ уценуваат никогаш повеќе

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Read more

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Read more
 

Вести

Мицкоски: Да излеземе да гласаме, за да не можат да нѐ уценуваат никогаш повеќе

Читај повеќе

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Читај повеќе

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Читај повеќе

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Читај повеќе

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Охрид

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради денот на полицијата

Читај повеќе

Снопче ги праша ДУИ: Со која партија ќе формирате влада и зошто не го поддржувате Пендаровски во вториот круг?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Читај повеќе