МЗЗПР: На секој вработен заболен од COVID-19 на работното место да му биде исплатена 100% плата

Скопје, 7 јуни 2020 (МИА) – Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР) достави предлог текст до Владата со кој бара на секој заразен работник на работното место со коронавирусот да му следува целосен надоместок од плата во износ од 100 проценти.

– Со усвојувањето на ваква Уредба од страна на Владата целосно ќе се испочитува правото на еднаквост на граѓаните, без разлика на вера, нација, конфесија и пред сé работата која ја работат. Истовремено, земајќи ги предвид актуелните случаи на зараза со новиот коронавирус на работните места, на сите работодавачи ќе им биде отстранета недоумицата и ќе им бидат дадени јасни насоки и упатства како да постапат во случај кога нивен вработен е дијагностициран со SARS-CoV-2 или, пак, ја развил болеста COVID-19, велат од МЗЗПР.

Досега, на сите вработени кои пријавуваат отсуство од работното место поради COVID-19, Фондот за здравствено осигурување им исплаќа 70 проценти од платата, исто како за редовно боледување.

Според МЗЗПР, со усвојувањето на еден ваков правен акт, ќе може да се оствари правото на боледување како последица на несреќен случај, односно заразувањето со коронавирусот ќе биде признаено како професионално заболување на секој работник кој работел на работно место каде постои потенцијална можност за изложеност на SARS-CoV-2.

Со ваквиот пристап и регулација, посочуваат од МЗЗПР, правото ќе може да се оствари и доколку вработениот бил во самоизолација како резултат на контакт со потврден случај на заболен со  коронавирусот на работното место.

Здружението очекува да биде усвоена оваа уредба на првата наредна седница на Владата.

На 14 мај МЗЗПР побара од надлежните институции да биде признаено професионалното заболување COVID-19 за сите работни места и усогласено во Правилникот за листата на професионални болести.

реклама

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Ирска ги згрози евровизиските гледачи: Гледавме ли сатанистички ритуал?

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Македонија

ДИК: Ќе се избере претседател, излезноста надмина 40%

Read more

ДИК: До 13 часот за претседател гласале 302.158, на парламентарни 312.070 граѓани

Read more

МВР: Изборниот ден тече мирно, со регистрирани помали инциденти

Read more

Над 300 набљудувачи го следат изборниот процес

Read more
 

Вести

  • play_arrow

ДИК: Ќе се избере претседател, излезноста надмина 40%

Читај повеќе
  • play_arrow

Драма на небото над Трст: забележана несекојдневна појава

Читај повеќе

75-годишен маж прегазен на паркинг во Скопје, сторителот побегнал

Читај повеќе

Кремљ: Мешањето на силите на НАТО во украинскиот конфликт – огромна опасност

Читај повеќе

ДИК: До 13 часот за претседател гласале 302.158, на парламентарни 312.070 граѓани

Читај повеќе
  • play_arrow

МВР: Изборниот ден тече мирно, со регистрирани помали инциденти

Читај повеќе
  • play_arrow

Си Џинпин: Србија е првата земја од Европа со која ќе изградиме заедница со заедничка иднина

Читај повеќе
  • play_arrow

Авион на Boeing без предни тркала безбедно слета во Истанбул

Читај повеќе

Над 300 набљудувачи го следат изборниот процес

Читај повеќе