На Грција ѝ се заканува ново невреме, предупредуваат метеоролозите

Националната метеоролошка служба на Грција, со вонреден билтен, извести за опасноста земјата да биде зафатена од ново невреме проследено со силни врнежи од дожд, на некои места и град, силен ветер и бура, додека, пак, механизмот на противпожарната служба за справување со можни проблеми е веќе активиран по одржаниот вонреден состанок.

Од грчката метеоролошка служба соопштуваат дека во попладневните часови, невремето ќе ги зафати Јонското море, Пелопонез, западниот и северозападниот дел на земјата.

По вонредната временска прогноза, Противпожарната служба на Грција вчера одржа состанок за оперативната подготвеност на која присуствуваше и началникот на службата, а денеска на прес-конференција известија за донесените одлуки, но упатија и препораки и совети до граѓаните како да се заштитат.

– На состанокот беше одлучено одново да се активира операциониот план за справување со опасности од поплави и други непогоди во областите во кои што се очекува да се појави невремето. Механизмот на нашата служба ќе биде во состојба на готовност, со возила на различни локации, рече портпаролот на Противпожарната служба на Грција, Василис Ватракојанис.

Тој додаде дека пожарникарите и возилата во деловите каде што се најавува невремето ќе бидат подготвени, доколку е потребно, за брза интервенција, а во соработка со Генералниот секретаријат за цивилна заштита биле известени сите инволвирани државни служби, како и перифериите и општините.

Портпаролот на противпожарната служба на Грција упати совети и препораки до граѓаните за заштита од невремето: да избегнуваат да поминуваат пеш или со возила низ речни корита или надојдена вода и вирови; да избегнуваат работа на отворено или активности во близина на морето, како и рибарење; во случај да паѓа град да се засолнат во објекти или во возила се додека не помине невремето; да избегнуваат да поминуваат под големи дрва, висечки ознаки или под места каде што постои опасност за пад на предмети.

– Ги молиме сите граѓани, за нивна безбдност, да бидат особено внимателни и верно да ги следат упатствата на надлежните органи, рече портпаролот на грчката противпожарна служба на денешната прес-конференција.

Заменикот полковник на Противпожарната служба, Аристотелис Пападопулос, кој воедно е и метеоролог, објасни дека бурата Адинос доаѓа од запад.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Регион

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Read more

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Read more

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Read more

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Read more
 

Вести

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Читај повеќе

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе