На Сардинија се раѓаат најмалку бебиња во светот

Жените во Италија, во просек, раѓаат сѐ помалку деца, а оние во Сардинија го имаат и негативниот светски рекорд. На овој остров, имено, се раѓаат просечно 5,2 бебиња на илјада жители - што во оваа смисла, е најмал број во целиот свет.

– Културолошки гледано, жените на Сардинија, поради миразот, во брак стапувале на поголема возраст во однос на останатиот дел од земјата. Денеска веќе не е така, но последиците се чувствуваат, објаснува Марко Ѕуру, професор по социологија на Универзитетот во Каљари.

Просечниот број родени бебиња на Сардинија е 0,99 деца по мајка, а од година во година таа бројка само се намалува. На национално ниво таа изнесува 1,25 новороденчиња.

– За да влезеш на пазарот на трудот и да изградиш кариера, мора да бидеш пообразован и да имаш голем број достигнувања и дипломи, што неминовно влијае на откажување од основањето семејство, додава професор Ѕуру.

Тој истакна и дека економските мотиви и политиката, исто така, влијаат на намалувањето на бројот родени деца.

На Сардинија (на италијански Сардења) според податоци од 2020 година живеат 1.628.384 жители, од кои најголемиот дел етнички Сарди. Локалното население зборува свој сардински јазик. Најголеми градови се Каљари и Сасари.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Свет

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Read more

САД воведоа нови санкции кон Русија

Read more

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе