Нацев: Чудно е како судот не гледа потреба за притвор на обвинетите во „Монструм“

Во просториите на центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ денеска прес-конференција одржа Александар Нацев кој зборуваше за новиот судски процес во врска со убиствата кај Смилковското езеро.

„Вчера, одново започна судењето за случајот ‘Монструм’ во кој на најбрутален начин кај Смилковското езеро беа ликвидирани 4 млади момчиња и еден возрасен човек. Јавното обвинителство не се откажа од обвинителниот акт и кривичното дело ‘тероризам’ кое што согласно доказите им се става на товар на обвинетите. Тие и понатаму се гонат за тероризам, но органите на прогонот во овој случај не гледаат проблем во фактот што лица кои се обвинети за тероризам се бранат од слобода“, посочи Нацев.

Притоа тој запраша како е возможно органите на прогонот да не гледаат причина за изрекување на мерка притвор и покрај фактот што двајцата првообвинети во предметот Алил Демири и Африм Исмаиловиќ и натаму се во бегство.

„Обвинетите за грозоморното убиство кај Смилковското езеро ја имаат целосната доверба на судот дека нема да избегаат, да го повторат делото или да влијаат на каков било начин“, рече Нацев.

Тој воедно подвлече дека политиката не смее да се меша во работата на судиите.

„Двојните аршини во судските процеси во Република Македонија се очигледни. Ова не е правда, туку неправда. Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, најави повторното судење од почеток за ‘Монструм’ како дел од договорот меѓу ДУИ и СДСМ, односно ‘тиранската платформа’. Судот ја повтори истрагата и ги ослободи од притвор обвинетите. Колку е ова политика, а колку правда е повеќе од јасно“, заклучи Александар Нацев од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Македонија

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Read more

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Read more

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Read more

Османи победи во Торонто

Read more
 

Вести

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе