Началник во МВР сведочеше во „Монструм“, како сведок предложен и Миле Јанакиески

Скопје, 26 август 2020 (МИА) – Началникот на Одделението за увид на место на настан при СВР Скопје, Горан Милошевски, е денешниот сведок кој даде исказ во предметот ,,Монструм”, односно неговата поврзаност со возилото „Опел Омега”, најдено во местото Враживир.

– На 13 април на работа бев од 07 до 15 часот. Од никого не сум добил дојава дека во Враживир е најдено возило. Од старешината Владо Мирчевски, добив сознаније дека во Враживир најверојатно е пронајдено возило поврзано со настанот на 12 април, рече Милошевски.

Тој исто така посочи дека воопшто не го видел возилото.

– Ние добиваме дојави од Центарот за известување и командување, има други служби кои обработуваат оперативни сознанија, наша надлежност е за увид на место на настан, потенцира Милошевски.

Во меѓувреме одбраната на обвинетите поднесе листа на предложени докази кои треба да се презентираат на следните рочишта. Меѓу сведоците кои одбраната ги предлага е и Миле Јанакиески, за разговор поврзан со поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска. Следното рочиште е закажено за 31 август.

За убиството на момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски во април 2012 година обвинети се Алил Демири и Африм Исмаиловиќ (во бегство) и Агим Исмаиловиќ, Фејзи и Хаки Азири и Сами Љута.

Судењето за овој предмет го води судската двојка Огнен Ставрев и Осман Шабани, додека обвинените го застапуваат обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.

реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Македонија

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Read more

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Read more

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Read more

Од полноќ пониски цени на горивата

Read more
 

Вести

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Читај повеќе

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Читај повеќе

Самостојна изложба на Камуран Горанци, Код 4

Читај повеќе

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Читај повеќе

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Читај повеќе

Кривични против поранешен градоначалник на скопска општина и директорка на детска градинка

Читај повеќе

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Читај повеќе

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Читај повеќе

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Читај повеќе