Наинголан си ја отвори душата за Конте, цигарите и алкохолот

Контровезниот белгиски фудбалер во кариерата важеше за голем мајстор, но и страствен пушач, посетувач на ноќни клубови и дружељубив со алкохолот.

Денес Раџа Наинголан настапува за белгискиот прволигаш Антверп откако летоска ја заврши 16-годишната авантура во Италија. Почна како младинец во Пјаченца, играше и за Каљари, Рома и Интер.

Октива дека Антонио Конте сакал да го земе уште во времето кога го водеше Челси.

„Конте ме сакаше уште во 2016, дојде и во Рим за да зборува со мене. Ми кажа што сака од мене. Веќе сакаше да го земе Лукаку. Но, тие (Челси, заб. на прев.) мислеа дека не вредам многу. Ми ја понудија истата плата што не беше доволно за да си заминам од Рома“, открива Наинголан за италијанскиот дневен весник La Repubblica.

Белгиецот подоцна работеше под Конте, но во Интер, каде сепак работите не се одвиваа според планираното, по што си замина.

„Конте е одличен тренер, но не добивав шанси кај него. Никогаш не се расправавме, но некој друг беше оној кој ми пренесе дека треба да си заминам. Претпочитам луѓето да ми кажуваат во очи“.

Мина 4 и пол сезони во дресот на Рома, периодот кој беше негов најдобар. Но, со „Волчицата“ не успеа да освои ниту еден единствен трофеј иако тимот имаше ѕвездени имиња.

„Најдобрата сезона во мојата кариера ја имав со Спалети. Тогаш имавме плејада одлични играчи како Џеко, Тоти, Де Роси, Стротман, Салах и Алисон. Освоивме рекорден број на бодови, но пак не освоивме ништо и за тоа најмногу жалам“.

Раџа е познат по фудбалер кој не води спортски живот, но сепак тоа на теренот никогаш не се познаваше. Цигарите, алхоколот и забавите до доцна успеваше да не ги манифестира преку замор на зелениот терен.

„Не мислам дека останувањето до доцна навечер или пушењето цигари е погрешно. Никогаш не се замарав што мислат луѓето, но на некои тоа им беше важно. Луѓето знаат сѐ за мене бидејќи ме гледаат по диксотеки. Некои играчи пијат повеќе од мене, но седат дома и никој не знае за тоа“, заврши тој.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Фудбал

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Read more

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Read more
 

Спорт

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Читај повеќе
  • play_arrow

Ферари во Мајами ќе вози во светлосина боја

Читај повеќе

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Читај повеќе

Струга пред разрешницата на сезоната се раздели со тренерот Дуро

Читај повеќе
  • play_arrow

Приказна за херојот што го сруши ПСЖ: Прекарот го добил поради забите

Читај повеќе
  • play_arrow

ФК Шкупи: Секоја недела некој ни ги краде бодовите

Читај повеќе

Подолговечен од Фергусон: Ист тренер ја води Виртус Верона 42 години

Читај повеќе