Најавени шест нови возови до крајот на април

Во средата пристигна вториот од набавените возови во ЈП „Македонски железници Транспорт“, кој ќе сообраќа на релација меѓу Скопје и Битола, а според договорот до крајот на април ќе пристигнат сите шест возови, изјави во четвртокот министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски.

„Со набавката на новите шест возови, обновата и изградбата на нови пруги, како и реновирањето на железничките станици, ќе направиме целосна обнова на железницата“, изјави министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски кој го посети Демир Хисар.

„Постојано сум информиран за динамиката на изработка и подготовка на возовите во Кина за Македонија, и тие во нашата држава ќе пристигнат до крајот на април. Освен возовите, вршиме рехабилитација и реконструкција на железничките станици на Коридорот 10. Во завршна фаза е и реконструкцијата на железничката станица во Скопје. Како Влада вложуваме и во изградба на нови пруги со што ќе направиме целосна обнова во железницата“, рече Мисајловски.

Претходно во четвртокот од министерството за транспорт и врски информираа дека железничката пруга на релација Битола - Кременица до границата со Грција се гради, но со забавено темпо. Министерот Мисајловски во врска со тоа најави дека ќе бара од компанијата што го доби тендерот да претстави нов динамички план и да се придржува кон него.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Македонија

Мојсоска: На 8 мај младите ќе стават крај на истрошените елити кои немаат што да понудат

Read more

Без струја дел од корисниците на Волково и Кучково

Read more

Променливо облачно, попладне дожд

Read more

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Read more
 

Вести

Вердиевата спектакуларна опера Трубадур на 11 мај на Мајските оперски вечери

Читај повеќе

Мојсоска: На 8 мај младите ќе стават крај на истрошените елити кои немаат што да понудат

Читај повеќе

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Читај повеќе

Без струја дел од корисниците на Волково и Кучково

Читај повеќе

Променливо облачно, попладне дожд

Читај повеќе

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Читај повеќе

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Читај повеќе

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе