Најчести знаци дека треба да направите тест за бременост

Домашните тестови за бременост што може да ги купите во аптека се едноставен, брз и сигурен начин да се тестирате без да мора да одите на лекар. Без разлика дали очекувате да забремените или сакате да бидете сигурни дека не сте бремена, најдобриот начин да дознаете е да направите домашен тест за бременост, а за да добиете најточни резултати треба да бидете добро информирани и смирени.

Дури и со најсовремените методи за контрацепција, секогаш постои простор за грешка. На крајот на краиштата, потребен е само еден сперматозоид да ја оплоди јајце-клетката. Тестот за бременост се прави со примерок од урина и го тестира присуството на хормонот HCG (human chorionic gonadotropin). Овој хормон е присутен во урината само ако сте бремена. Тој почнува да се лачи откако оплодената јајце-клетка ќе се вгнезди во матката.

Ова се најчестите знаци дека треба да направите тест за бременост:

1. Пропуштена менструација

Еден од првите и најверодостојни знаци на бременост е пропуштен менструален циклус. Ако не го следите календарски вашиот месечен циклус или тој варира, можеби ќе ви биде тешко да одредите дали циклусот ви доцни. Кај повеќето жени, менструалниот циклус во просек трае 28 дена. Ако поминало повеќе од еден месец откако последен пат сте имале менструација, време е да направите тест за бременост. Имајте на ум дека понекогаш циклусот може да доцни или да подрани поради стрес, промена на исхрана, вежбање и одредени здравствени проблеми или лекарства што ги земате. Побарајте лекарска помош ако добиете позитивен резултат на тестот за бременост, а сепак имате крварење.

2. Грчеви

Кога оплодената јајце-клетка се вгнездува во матката, тоа може да предизвика грчеви во долниот дел од стомакот слични на менструални болки и грчеви. Тогаш ќе си помислите дека тоа се знаци дека треба да добиете, но ако грчевите продолжат, а сепак немате менструација, направете тест за бременост.

3. Чувствителни и набрекнати гради

Во бременоста, телото произведува повеќе естроген и прогестерон, хормони што почнуваат да прават промени во вашето тело и да го подготвуваат за носење на плодот. Градите ќе ви станат почувствителни и набрекнати и ќе изгледаат поголеми поради зголемениот проток на крв. Овие симптоми, како и грчевите, исто така се јавуваат кај некои жени и пред да добијат менструација, така што најдобар начин да бидете сигурни е да направите тест за бременост.

4. Проблем со средствата за контрацепција

Антибеби пилулите за контрацепција, кондомите и другите контрацептивни методи не нудат 100-процентна заштита од бременост. Со други зборови, може да останете бремена дури и ако сте ги користеле овие методи правилно. Исто така, ако сте прескокнале земање на контрацептивна пилула или знаете дека имало проблем со кондомот, како кинење, пукање или извлекување за време на сексуалниот однос, направете тест за бременост.

Користете проверен и доверлив тест за бременост

На пазарот се нудат најразлични домашни тестови за бременост што може да ги купите во аптека. Времето кога најрано може да го направите тестот за бременост варира од еден до друг бренд. Тестот за бременост Surecheck е точен од првиот ден од пропуштениот менструален циклус, има над 99% сигурност во резултатот, лесен е и едноставен за употреба, може да го користите во секое време од денот (не мора со утринската урина) и дава прецизни резултати со урина со секаква pH вредност.

Нajдобар начин да го следите вашиот менструален циклус е да инсталирате апликација што е достапна на веб-страницата на Surecheck, преку AppStore и GooglePlay.

На веб-страницата Surecheck исто така може да дознаете повеќе за тестот за бременост и други информации за следење на менструалниот циклус.

*Промотивен текст

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Живот

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како сами да направите антицелулитно масло?

Read more

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе