Најефикасен избор за претстојната сезона за греење – современите мулти-сплит системи на GREE

Еден од најсовремените и најчесто користени системи за климатизација во денешни услови е мулти-сплит системите. Овие системи најчесто се применуваат за климатизирање на повеќе од една просторија, а притоа температурата во секоја просторија независно да се подесува. Климатизерите со мулти сплит системи имаат неколку внатрешни единици поврзани со една надворешна единица. Внатрешните единици може да се монтираат на ѕид, на подот, како касети за таван, во преградни уреди и се поврзани преку цевководи за ладење и кабли со единствената надворешна единица. Токму затоа, овој систем е одлична алтернатива за канален систем во случај кога просторот на покривот или под подот е ограничен.

Во Македонија овие систем се користат веќе 7 години, инсталирани во згради кои што зимно време се греат, а летно време се ладат со овој систем. Искуствата на корисниците се позитивни од повеќе аспекти, најмногу од економичноста на ваквите системи, инсталација со заштеда на простор, лесно и флексибилно инсталирање и независна контрола.

Современата технологија и метод употребен во овие системи, создаваат многу предности од нивното користење. Единствената надворешна единица може лесно да напојува до 4 внатрешни уреди истовремено, но клима уредот останува енергетски ефикасен и кога работи со една внатрешна единица со оптимален капацитет. Освен енергетската ефикасност, климатизерите со мулти-сплит систем лесно се инсталираат и се исклучително мирни.

Секоја внатрешна единица може да се управува и контролира независно, како  вклучување и исклучување, температурно подесување, движење на воздухот, сите функции на внатрешниот уред може да се управуваат од нивниот сопствен безжичен далечински управувач.

Тоа што повеќе внатрешни единици може да се поврзат на еден надворешен уред наместо на неколку надворешни единици, уште дава поголема разновидност на инсталацијата и заштеда на просторот. Поради можноста за поголема должина на цевките, мулти-сплит климатизерите често се инсталираат во големи структури и на неколку катови.

Предводник во оваа технологија е Gree а посебно затоа што мулти-сплит системите на Gree работат и на ниски температури што е карактеристично за овие клими, а потребно во наши услови. Заради ова, голем број градежници во колективните станбени објекти го инсталираат овој систем како решение за цела зграда.

Производите на Gree се карактеристични по имплементацијата на најновите технолошки пронајдоци и иновации за енергетска ефикасност и за заштеда на искористената енергија, а тука спаѓаат и мулти-сплит системите, кои се истакнуваат со мултифункционалноста и големата економичност. Заради ваквите карактеристики, клими на Gree со мулти-сплит систем но и инвертери и традиционални, се инсталирани во скоро 100 000 објекти низ Македонија или секоја трета клима во земјава е Gree.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Промо

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Read more

Македонски Телеком e најпосакуван работодавач меѓу телекомуникациските компании во Македонија

Read more

Златен Даб – еволуција на изглед и вкус

Read more

Пролетно уредување на домот: Топ трендови и совети за оваа сезона

Read more
 

Ново

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе