Најмалку 20 загинати при бомбашки напад во Колумбија

Богота, 18 јануари 2019 (МИА) – Најмалку 20 лица загинаа, а 68 други се ранети синоќа при експлозија на автомобил-бомба во дворот на Полициска академија во колумбискиот главен град Богота.

Како што соопшти Министерството за одбрана на Колумбија, меѓу загинатите покрај Колумбијаци, има и државјани на Панама и Еквадор.

При експлозијата пред академијата „Генерал Сантандер“, што се наоѓа во јужниот дел на Богота, биле искршени и повеќе прозорците на околните згради.

Експлозијата одекнала кон крајот на церемонијата на промоција на нова класа офицери на полициската академија.

Поради нападот, колумбискиот претседател Иван Дуке ја прекина турнејата низ неколку западни земји и се врати во Колумбија.

– Овој напад не е само против младите, против безбедносните сили или полицијата. Тоа е напад врз општеството. Овој налудничав терористички напад нема да мине неказнето, нагласи Дуке, по посетата на местото на експлозијата.

Колумбискиот јавен обвинител Нестор Мартинез соопшти дека нападот го извел извесен 56-годишен Хозе Алдемар Рохас, кој активирал 80 килограми експлозив во возило марка „Нисан“. Според Мартинез, возилото пред шест месеци ја минало границата со Венецуела.

Властите засега не соопштија, како Рохас влегол во дворот на Академијата, минувајќи со автомобилот полн со експлозив преку безбедносната контрола на главната порта на институцијата.

Ова е најсмртоносен напад во Колумбија од потпишувањето на мировниот договор меѓу колумбиските власти и левичарската герилска група Револуционерни вооружени сили на Колумбија (ФАРК) во 2016 година.

Засега никој не презеде одговорност за синоќешниот напад, но властите претпоставуваат дека зад него стои левичарската бунтовничка група Национална ослободителна армија (ЕЛН), кој последниве месеци ги засили акциите против припадниците на колумбиските безбедносни сили. 

реклама

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Свет

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Read more

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Read more

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Read more

Путин: Подготвени сме за разговор со Западот, но без ароганција и сила

Read more
 

Вести

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Читај повеќе

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Читај повеќе

Самостојна изложба на Камуран Горанци, Код 4

Читај повеќе

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Читај повеќе

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Читај повеќе

Кривични против поранешен градоначалник на скопска општина и директорка на детска градинка

Читај повеќе

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Читај повеќе

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Читај повеќе

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Читај повеќе