Најмалку осум загинати при ударот на бурата Флоренс во САД

Вашингтон, 15 септември 2018 (МИА) - Најмалку осум лица загинаа при налетот на тропската бура Флоренс, што ги погоди американските сојузни држави Северна и Јужна Каролина, соопшти Националниот центар за урагани на САД.

Бурата предизвика големи полави во делови на Северна и Јужна Каролина, примнудувајќи најмалку 20.000 лица да ги напуштат своите домови.

Во акциите за помош на настраданите се вклучени припадници на Маринскиот корпус, крајбрежната стража и цивилната заштита, како и голем број доброволци. 

Гуверенерот на Северна Каролина, Рој Купер изјави дека Флоренс продолжува да „истура монументални количества на дожд“, иако нејзината моќност е намалена. 

„Многу луѓе кои мислат дека бурата ги одмина, се уште не се соочиле со нејзините закани“, изјави Купер, додавајќи дека поради невремето околку 800.000 домаќинства во Северна Каролина останале без електрична енергија.

Флоренс се формира како ураган над Атлантскиот Океан, но откако во петокот пристигна до источниот брег на САД, ослабна на ниво на тропска бура. Во нејзиното жариште вчера претпалдне по локално време дуваа ветришта со брзина од 150 километри на час, по што во текот на денот тие се намалија до 75 километри на час.

Метеоролозите предвидуваат дека бурата, која се движи кон сојузната држава Охајо, ќе продолжи да слабее како што ќе навлегува се подлабоко во континенталниот дел на САД, но и во текот на наредните денови се очекуваат поројни дождови во реоните низ кои ќе минува.

Не е исклучено кон средината на следната недела бурата да направи „остро свртување“ и да се упати кон државите на централнот дел на Источниот Брег на САД и кон реонот на Нова Англија.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Свет

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more
 

Вести

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Читај повеќе

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе