Најмногу активни случаи во Скопје, ќе започне скрининг на 8.200 ученици

Во текот на вчерашниот ден направени се 3.486 тестирања, а регистрирани се 316 нови случаи на COVID-19. Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, регистрирани се десет починати лица, сите во болнички услови. Оздравеле 240 пациенти.

Најмногу случаи вчера се забележани во главниот град – 140, во Куманово се регистрирани 38 нови случаи, а најмалку  – по еден случај вчера има во Радовиш, Виница, Крушево, Демир Хисар и Македонска Каменица.

Министерството за здравство информира дека заклучно со 9 октомври, вакцинирани се 795.186 граѓани, а ревакцинирани се 748.563. Во текот на викендот аплицирани се вкупно 4.418 вакцини, од кои како прва доза се аплицирани 1.132, а ревакцинирани се 3.129.

Согласно податоците од Министерството, 53 проценти од граѓаните над 40-годишна возраст се вакцинирани со две дози, а 33 отсто од граѓаните на возраст од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.

– Според бројот на аплицирани вакцини, 38 отсто од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35 проценти од популацијата во државата примила две дози вакцина, соопшти Министерството за здравство.

Следејќи ги искуствата на европските земји и САД, Министерството препорачува трета доза Pfizer на сите граѓани, без разлика на возраста и дали се хронично болни. Комитетот за имунизација препорача трета доза не само за лица над 60 години и за здравствени работници, туку и за кои било други граѓани доколку се изложени на ризик од COVID-19, поради тоа што имаат чести контакти на работа или приватно, без оглед на возраста и дали имаат или немаат хронични болести.

Податоците од Министерството покажуваат дека до 9 октомври трета доза примиле 782 граѓани.

Од оваа недела се очекува да започне и тестирање на 8.200 ученици од основните и средните училишта. Тестирањето ќе се одвива по случаен избор од регистарот на Е-дневникот и е во согласност на нивните родители. Скринингот е предвиден да трае пет дена, а дневно да бидат тестирани по околу 1.600 деца, во самите училишта од мобилни екипи. Тестирањето во средните и основни училишта, како што појаснуваат надлежните се одвива се со цел да се добие податок за евентуална трансмисија на вирусот во училиштата.

Досега во училиштата се вакцинирани околу 75 отсто од наставниците, додека настава на далечина следат околу два проценти од учениците, според податоците на Министерството за образование и наука.

Најмногу активни случаи има во Скопје – 3.495, Куманово е на второ место со 636, во Велес има 297, во Охрид 233, во Штип 232. 

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Македонија

Почувствуван земјотрес во Скопје

Read more

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Read more

4 мај 1903, загина македонскиот револуционер Гоце Делчев

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе