СЕРИЈА А 2021/22

Најновата повреда на Ибра - знак дека е време за пензија

Најновата повреда на колентото на Златан Ибрахимовиќ е уште еден знак дека веројатно најдобро за сите ќе биде доколку ги закачи копачките.

Веќе 40-годишниот Швеѓанец сезонава пропушти 16 натпревари поради повреди, страдајќи од проблеми со коленото и Ахиловата тетива, со што само малку придонесе во борбата на неговиот Милан за Скудетото.

Тековнава сезона Ибра одигра точно 937 минути во Серија А, што е навистна премалку. Постигна 8 гола, што кажува дека и на 40 години сѐ уште располага со квалитетот кој отсекогаш го имал. Нажалост, тоа е премалку за да се оправда новиот договор кој евентуално би го добил.

Милан полека созрева под водство на Стефано Пиоли. Неосвојувањето на титулата минатата сезона само го зголеми апетитот и зрелоста на тимот, што е евидентно со зголемениот квалитет на игра сезонава.

И покрај повредите, не може да се рече дека Ибрахимовиќ не одигра важна улога во процесот на созревање на Милан, со оглед на тоа што беше лидер на теренот и пример на докажан победник за младите соиграчи. Неговите голови исто така беа клучни, но сега друг ветеран покажа дека тој може да ги донесе истите успеси.

35-годишниот Оливје Жиру летоска дојде во Милан со договор вреден околу милион евра и стана нов клучен играч во тимот на Пиоли, давајќи им пример на младите Рафаел Леау и Алексис Салемакерс. Французинот постигна решавачки голови, како на пример оние два во градското дерби со Интер, или пак победничкиот против Наполи.

Доаѓањето на Жиру и неговиот импакт во тимот се знак дека Ибрахимовиќ повеќе не е потребен, ни како лидер ни како голгетер. Неговото заминување ќе го олесни и буџетот за плати на „Росонерите“, овозможувајќи им да донесат свежа крв на лето.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Фудбал

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Read more

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Read more
 

Спорт

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Читај повеќе
  • play_arrow

Ферари во Мајами ќе вози во светлосина боја

Читај повеќе

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Читај повеќе

Струга пред разрешницата на сезоната се раздели со тренерот Дуро

Читај повеќе
  • play_arrow

Приказна за херојот што го сруши ПСЖ: Прекарот го добил поради забите

Читај повеќе
  • play_arrow

ФК Шкупи: Секоја недела некој ни ги краде бодовите

Читај повеќе

Подолговечен од Фергусон: Ист тренер ја води Виртус Верона 42 години

Читај повеќе