Најстариот затвор во Калифорнија е ново жариште на коронавирусот

Во затворот Сан Кентин, најстарата казнена установа во американската сојузна држава Калифорнија, дојде до драстично зголемување на бројот на заразени со коронавирус, со оглед на фактот дека повеќе од 1.000 затвореници излегле позитивни на тестирањата, јавија локалните власти.

– Ова е многу загрижувачко, изјави гувернерот Гевин Њусом, истакнувајќи дека 42 отсто од приближно 3.500 затвореници на Сан Кентин се заразени. Затворот се наоѓа во близина на Сан Франциско.

Според американските медиуми, до почетокот на јуни Сан Кентин бил поштеден од заразата со коронавирусот, но транспортот на затвореници од затворите најмногу погодени од COVID-19, како што е затворот Чино, ја донел епидемијата и во него.

Затворот Чино, во близина на Лос Анџелес, на почетокот на епидемијата во земјата беше познато жариште на COVID-19.

Повеќе од 500 затвореници во Чино беа позитивни на тестирањата, додека имаше и 16 смртни случаи поврзани со вирусот.

За да се избегнат смртните случаи, властите во Калифорнија наредија предвремено ослободување на околу 3.500 затвореници од затворите кои имаат помалку од 180 дена до отслужување на казната.

Гувернерот Њусом кажа дека 3.500 кандидати од затворите во Калифорнија во понеделникот биле предложени за оваа мерка, од кои 110 биле од Сан Кентин.

Во затворите во Калифорнија има околу 113.000 луѓе.

реклама

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Read more

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Read more

Како сами да направите антицелулитно масло?

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Свет

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Read more

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Read more

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе