Намирници кои го намалуваат ризикот од мозочен удар за 20 проценти

Научниците потврдија дека одредени намирници ја чуваат меморијата и го намалуваат ризикот од мозочен удар за 20%.

Долгорочниот пад на когнитивните способности е побавен кај луѓе кои консумирале флавоноли, без оглед на другите фактори кои можат да влијаат на меморијата, како што се возраста, полот и пушењето, покажаа резултати од студија објавена во Neurology.

„Нашата студија сугерира дека специфичниот избор на храна може да влијае на побавната стапка на когнитивно опаѓање. Нешто толку едноставно како консумирање повеќе овошје и зеленчук и пиење повеќе чај, особено зелен чај, е едноставен начин на кој луѓето можат да преземат активна улога во одржување на здравјето на мозокот“, изјави авторот на студијата Томас Холанд, професор на одделот за интерна медицина во Медицинскиот центар на Универзитетот Раш во Чикаго.

„Флавонолите се цитопротективни, што значи дека ги штитат клетките, вклучително и невроните, па можно е да има директно влијание врз сознанието (користење на свесни ментални процеси)“, објаснува Дејвид Кац, специјалист за превентивна медицина и начин на живот и исхрана, кој не учествувал во студијата.

Флавонолите имаат исклучително силни антиоксидантни својства, кои во голема мера придонесуваат за оптимално функционирање на кардиоваскуларниот систем, што пак претставува основа за превенција од мозочен удар и други цереброваскуларни настани.

Храна богата со овие биоактивни компоненти се црвен кромид, јаболка, брокула и чаеви, особено зелениот чај. Флавонолите од кромидот имаат најголема биорасположивост, бидејќи постигнуваат највисоки концентрации во ткивото и најинтензивен ефект. Секојдневното консумирање на овие намирници може да го намали ризикот од мозочен удар (трета водечка причина за смрт во развиените земји) за дури 20 проценти.

Растенијата содржат повеќе од 5.000 флавоноидни соединенија кои имаат важна улога во стимулирањето на растот на клетките, борбата против стресот од околината и привлекувањето на инсекти кои опрашуваат.

Истражувањата покажаа дека кај некои луѓе флавонолите го намалуваат развојот на воспаленија. Еден од најчестите флавоноли, кверцетинот, влијае на намален развој на рак на дебелото црево и други видови канцер.

Најмногу го има во кромид, а помалку во брокула, боровинки, карфиол, кељ, спанаќ и јагоди.

Друг вообичаен флавонол, кемпферол, го спречува растот на клетките на рак и во исто време ги зачувува и заштитува здравите клетки. Добри извори на кемпферол се кромид, аспарагус и бобинки, но најбогати растителни извори на кемпферол се спанаќ, кељ и другите зелени лиснати зеленчуци.

Третиот ефикасен флавонол е мирицетин, кој го држи нивото на шеќер во крвта под контрола и го намалува протеинот што е главната причина за развој на Алцхајмерова болест и други видови деменција. Спанаќот и јагодите содржат високо ниво на мирицетин, а добри извори на овој флавонол се мед, црни рибизли, грозје, бобинки, зеленчук, јаткасти плодови и чај.

Последната група на флавоноли, изорхамнетин, штити од кардиоваскуларни и невроваскуларни заболувања со антитуморно и антиинфламаторно дејство. Добри извори на изорхамнетин се круши, маслиново масло, вино и сос од домати.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Здравје

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Read more
 

Магазин

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе