Нани: Роналдо нема време за губење

Еден од старите другари на Роналдо и негов соиграч од Јунајтед и од репрезентацијата, Нани, го поддржа во намерата да си замине од сѐ послабиот Манчестер Јунајтед.

Нани беше гостин во подкастот „VIBE WITH FIVE“ на Рио Фердинанд каде го искажа своето мислење за сагата на Роналдо и неговите обиди летово да го напушти „Олд Трафорд“ по секоја цена.

„Помина долго време откако игравме заедно, Роналдо веќе не е дете. Времињата се менуваат и реакциите и однесувањето можат исто така да се променат. Но, како што гледаме, тој ги прави истите работи како вообичаено; не сака да губи и реагира кога тимот не игра добро“, почна Нани.

„Единствената разлика е што времињата се различни. Повторно игра во Манчестер Јунајтед, но беше секаде, во различни тимови и со различни играчи. Тој е во клуб каде тренерите се обидуваат да изградат силен тим, а тоа не е лесно, треба време“.

„Но, Кристијано нема време за губење правејќи тимови или чекајќи наредна сезона. Тој сака да продолжи да биде на врвот, да постигнува голови, да биде човек на одлука. Токму затоа неговата реакција е нормална, сите ние понекогаш реагирае погрешно“, објасни тој.

Луиш Карлуш Алмејда да Куња, попознат по прекарот Нани, сега има 35 години и игра во австралиската лига за тимот на Мелбурн Виктори. Со Роналдо заедно играше во Јунајтед од 2007 до 2009 година, а исто како него и тој произлезе од лисабонски Спортинг. Заедно делуваа и во репрезентацијата на Португалија сѐ по повлекувањето на Нани во 2017 година.

реклама

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Фудбал

Орсато означи крај во Париз и се расплака

Read more

Блесна стадионот во Битола: Пуштени рефлекторите Под Тумбе Кафе

Read more

Подготвени за нов спектакл? Реал и Баерн вечерва на мегдан за финале

Read more

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Read more
 

Спорт

Орсато означи крај во Париз и се расплака

Читај повеќе

Блесна стадионот во Битола: Пуштени рефлекторите Под Тумбе Кафе

Читај повеќе

Подготвени за нов спектакл? Реал и Баерн вечерва на мегдан за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

На Дончиќ не му одеше шутот, Далас го загуби првиот дуел од Оклахома

Читај повеќе
  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Читај повеќе

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Читај повеќе