Двајца вработени во редарската служба на Град Скопје денеска биле физички нападнати кај Вардариште при што едниот завршил во болница.
„Денеска двајца вработени во редарската служба на Град Скопје беа нападнати додека ја извршуваа нивната службена должност. Нападот се случи кај Вардариште од страна на лица кои со возило незаконски истураа отпад“, известуваат од Град Скопје.
Од нападот едниот вработен се здобил со повреди поради што е хоспитализиран во Градската болница. Оштетено е и службеното возило со копатролирале редарите.
Случајот е пријавен во полиција, заедно со фотографии од возилото и лицата кои незаконски депонирале отпад и го извршиле физичкиот напад на службените лица.