Наполеон наводно го надоместувал недостигот на висина со водење војни, а едно најново истражување спроведено во Атланта тврди дека пониските мажи се поагресивни од повисоките.
Резултатите од студијата што неодамна беа објавени од научниците од Центарот за контрола на болести во Атланта покажаа дека ниските мажи покрај тоа што се поагресивни, исто така се и понасилни.
Научниците испитувале 600 мажи на возраст од 18 до 50 години и откриле дека оние мажи кои се чувствувале помалку мажествено имале дури трипати поголеми шанси да направат нешто насилно или криминално.
Научниците откриле дека причината за тоа најверојатно е стресот што ги поттикнува пониските мажи да бидат поагресивни за да „надоместат“ за недостатокот во висина.
Овој синдром, познат како „Наполеонов комплекс“, прв пат го идентификувал австрискиот психоаналитичар Алфред Адлер.
Марк ван Вугт, експерт за еволуциска психологија, и неговиот тим од Универзитетот Врије во Амстердам дојдоа до докази за постоење на „Наполеоновиот комплекс“.
Имено, по истражувањата дошло до заклучок дека мажите кои се пониски се однесуваат поагресивно.
Експертите велат дека ниските мажи се чувствуваат поранливо и имаат повисоко ниво на параноја.
Меѓутоа, научниците исто така предупредуваат дека групата што била испитувана е премногу мала во бројност, па овие резултати треба да се земат со доза на резерва.
Од друга страна, научници од Универзитетот на Ланкашир дојдоа до друг заклучок – дека „Наполеоновиот комплекс“ е само мит.
Нивната студија покажа дека на ниските луѓе поретко „им пука филмот“ во споредба со оние на просечна висина.
Во текот на истражувањето, тие го следеле отчукувањето на срцето и телесните реакции кај пониските луѓе кога биле во контакт со луѓе со просечна висина и се покажало дека високите мажи почесто и побрзо се нервирале.
Истражување за растот спроведено во Весекс, Велика Британија, во која бил следен психолошкиот развој на детето од моментот кога влегува во образовниот систем до полнолетство, дојде до заклучок дека не се пронајдени значителни разлики во функционалната способност или во аспекти на секојдневниот живот што би можело да се препишат на висината.