Народен лек за анемија - лесен за подготовка и многу вкусен

Анемијата е состојба која се јавува кога телото нема доволно здрави црвени крвни зрнца за да го пренесе кислородот до сите делови на телото. Како резултат на тоа, може да се чувствувате постојано уморни и слаби.

Симптомите на анемија вклучуваат замор, слаба концентрација, ослабен имунитет, низок крвен притисок, воспаление на јазикот, забрзано чукање на срцето, треска, вртоглавица, слабост, бледило, чувство на студенило во екстремитетите, тага, депресија, нарушувања на спиењето и намален апетит.

Одредени форми на анемија се наследни, а жените се особено подложни на анемија поради недостаток на железо предизвикана од загуба на крв поради менструацијата и зголемена потреба за снабдување со крв за време на бременоста.

Постарите луѓе исто така може да бидат изложени на поголем ризик од развој на анемија поради лошата исхрана и други здравствени состојби.

Природен лек за подобрување на крвната слика - рецепт

Состојки:

- 200 мл мед

- 200 гр ореви

- 200 гр суво грозје

- 200 мл сок од морков - 200 мл сок од цвекло

2 лимони

Подготовка:

Измијте 2 лимони. Исечете ги на половина и отстранете ги семките. Сомелете ги заедно со кората (ако е испрскан лимонот - излупете го) и ставете ја смесата во голема тегла.

Во мелениот лимон додадете мед, сокот од цвекло и сокот од морков и измешајте.

Во смесата додадете ситно сечкани или мелени ореви и суво грозје и повторно измешајте сè.

Ќе добиете околу 1 кг вкусни и многу здрави лековити материи. Јадете по една лажица трипати на ден пред јадење.

Чувајте ја теглата во фрижидер.

Откако ќе ја дојадете смесата повторно направете крвна слика. Ако сепак нема подобрување, обратете се на лекар за да утврдите која е причината и дали треба да примате терапија.

Тагови
реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Здравје

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе