Народна банка: Инфлацијата се намалува, на среден рок ќе се врати на историски ниската стапка од 2%

Гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска ги претстави најновите макроекономски проекции на Народната банка пред дипломатскиот кор и пред претставниците на меѓународните институции.

На настанот, којшто се организира редовно, по секој нов циклус макроекономски проекции на Народната банка, присуствуваа претставници на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Светската банка (СБ), Обединетите нации (ОН), Програмата за развој на ОН (УНДП), делегацијата на Европската Унија (ЕУ), како и на дипломатските претставништва на Албанија, Бугарија, Грција, Кина, Словачка, Словенија, Унгарија, Франција, Холандија, Хрватска, Чешка и Шведска.

Во презентацијата беше посочено дека во октомври годишната стапка на инфлација се сведе на 3,5% (во споредба со истиот месец од претходната година), со што и просечната инфлација за периодот јануари ‒ октомври забави.

„Очекуваме дека инфлацијата и натаму ќе забавува, а на среден рок, ако нема нови шокови, ќе се врати на историскиот просек од 2%. Проекциите за раст на економијата се совпаѓаат со априлските проекции, односно се очекува умерено забавување на економскиот раст во 2023 година и негово постепено засилување во следниот период. Се очекува дека македонската економија годинава ќе оствари раст од 1,9%, додека на среден рок, со подобрувањето на состојбите во надворешното окружување и очекувањата за спроведување на јавните инфраструктурни инвестиции, растот ќе забрза движејќи се во распон од 3% до 4%. Во однос на надворешната позиција на економијата е значително подобра од очекуваната, во услови на стабилизирање на цените на светските пазари на примарните производи, со позитивен ефект врз девизните резерви коишто и натаму се во сигурната зона, што, пак, придонесува за натамошно јакнење на стабилноста на девизниот курс“, рече Бежовска.

Гувернерката во презентацијата нагласи дека Народната банка, почнувајќи уште од крајот на 2021 година, презема повеќе мерки за стабилизирање на инфлациските очекувања и инфлацијата, како и на девизниот пазар, преку каматната стапка, инструментот задолжителна резерва, но и преку системски мерки, како што е противцикличниот заштитен слој на капиталот и макропрудентни мерки со кои истовремено се јакне и отпорноста на банкарскиот систем. Таа ја посочи и потребата за водење претпазливи макроекономски политики коишто влијаат врз агрегатната побарувачка, бидејќи глобалните услови и натаму се неизвесни и непредвидливи. Истакна и дека Народната банка внимателно, на дневна основа, ги следи макроекономските податоци и ризиците и како и досега, ќе ги презема сите неопходни мерки, користејќи ги сите расположливи инструменти.

реклама

Голем месечен хороскоп за декември 2023

Read more

Ибра: Имам толку многу пари, а брат ми не успеав да го спасам

Read more

Зошто треба да јадете кисела зелка цела зима?

Read more

Откриено дека црната дупка во центарот на Млечниот Пат ги искривува времето и просторот

Read more

Бизнис

Доларот зајакна, цената на нафтата стагнира

Read more

На Волстрит индексите речиси непроменети

Read more

Пад на Волстрит - се чекаат бројките од Црн петок и Сајбер понеделник

Read more

Нов притисок за цените на нафтата

Read more
 

Вести

Најголемиот климатски самит во историјата почна со една голема промена

Читај повеќе
  • play_arrow

Автомобил удри во мечка кај Тетово – полесно повредени децата во возилото

Читај повеќе

Владимир Путин нареди бројот на руски војници да се зголеми за 170.000

Читај повеќе

Северна Кореја: Попречувањето на нашите сателити би било објава на војна

Читај повеќе

Шести ден ни трага ни глас од исчезнатата Вања, се пребаруваат и подруми и речни корита

Читај повеќе

Паника во Брисел поради Орбан: Ја држи ЕУ како заложник

Читај повеќе

Доларот зајакна, цената на нафтата стагнира

Читај повеќе

Скопјанка овозможила возрасни да имаат секс со малолетнички и да ги снимаат

Читај повеќе

Скопје повторно на врвот на листите на загаденост на воздухот

Читај повеќе