Насамарени: Руските олигарси открија како Путин ги вовлече во војна

Како што се продлабочуваат пукнатините во руската војна против Украина, руските олигарси, санкционирани од Западот, сега тврдат дека биле измамени да ја поддржат инвазијата на Украина од страна на рускиот претседател Владимир Путин, се вели во опсежна истражна сторија објавена во The New York Times.

Многу од главните советници на Путин не биле свесни за целосниот обем на неговите планови за инвазија на Украина на 24 февруари, до моментот кога била почната, објави Insider, цитирајќи го The New York Times.

Високи помошници во Кремљ се обиделе да го прочитаат неговиот говор на телото, велејќи им на некои дека Путин го има „тој сјај за војување во очите“, пишува весникот.

„Ако сите околу вас 22 години ви кажуваат дека сте супергениј, тогаш ќе почнете да верувате дека сте. Руските бизнисмени, руските функционери, рускиот народ – сите во гледаа цар. Едноставно полуде“, изјави поранешниот руски банкарски магнат Олег Тинков.

Но, како што се одолговлекуваше „специјалната воена операција“, некои руски олигарси изразија сомнеж и фрустрација откако беа строго санкционирани од западните земји поради нивниот сојуз со Путин, објави The New York Times.

Милијардерот Андреј Мелниченко се разбудил на 24 февруари среде „лудило“ во Украина, а за тој ден веќе имал состанок со Путин. Тој им се придружи на голем број други бизнис магнати кои беа подеднакво изненадени од инвазијата на Путин. Кога Путин конечно влегол во собата, на толпата и на камерите зад нив им рекол дека немал друг избор, пишува The New York Times.

Мелниченко изјави за The New York Times дека инвазијата била ирационална и шокантна, но дека штетата веќе бил направена.

Друг бизнис магнат на состанокот, кој сакал да остане анонимен, за весникот потврдил дека сите се собрале пред камерите не знаејќи дека ќе бидат прикажани како го поддржуваат Путин, без разлика дали се согласуваат со неговата одлука.

Целта на трикот, изјави анонимниот бизнисмен за The New York Times, била да ги оцрни сите собрани токму за да бидат санкционирани.

Планот на Путин да ги натера своите следбеници да влезат во игра успеа. The New York Times објави дека десетици бизнис тајкуни се погодени од тешки санкции од западните земји. Во неделите и месеците што следеа, на руските олигарси им беше замрзнат имотот и им беше забрането да патуваат во некои земји бидејќи рубљата падна.

Сепак, војната на Путин сè повеќе станува гордост за рускиот претседател, кој се чини дека се надева да ја зацементира својата слава во руската историја.

„Она за што тој опсесивно размислува ја обликуваше биографијата на целиот свет“, изјави за Times Константин Ремчуков, уредник од Москва, за Путиновата фиксација со Украина.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Свет

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Read more

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Read more

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе