Наскоро третата доза како услов за патувања?

Холандија и Чешка се одлучија дека ќе ја следат препораката на Европската комисија за скратување на важењето на ковид сертификатите на 9 месеци, а одлуката треба да стапи во сила на почетокот на наредната година.

Холандскиот министер за здравство Хуго де Жонж изјави дека наскоро за целосно вакцинирани лица ќе се сметаат само оние коишто примиле бустер доза од вакцината против коронавирус.

Тоа значи дека Холандија ќе ја скрати важноста на сертификатот за вакцинација од 12 на 9 месеци, а сите кои не го исполнуваат овој услов мора да ги почитуваат дополнителните правила за влез во земјата, пишува SchengenVisaInfo.com.

Според податоците на овој сајт, луѓето коишто не примиле бустер доза ќе патуваат низ ЕУ доколку покажат доказ за негативен ковид тест.

Се очекува дека оваа одлука ќе стапи во сила во февруари 2022 година.

Слично на Холандија, и властите во Чешка оваа недела објавија дека ковид сертификатот ќе трае 9 месеци. Од јануари 2022 година само оние коишто примиле трета доза од вакцината ќе се сметаат за целосно вакцинирани кога ќе дојдат во Чешка.

Во Австрија рокот на важење на вакцината на 6 декември е намален на 270 дена.

Во Израел сертификатот истекува 180 дена по втората доза и посетителите мора да обезбедат да не им истече вакцинацијата додека престојуваат во земјата.

За потсетување, ЕК на 25 ноември предложи рокот на важење на вакцините да се ограничи на 9 месеци, а доколку се изгласа овој предлог ќе почне да важи од 10 јануари 2022 година.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Свет

Путин издаде наредба: Вооружените сили на Русија ќе вежбаат употреба на нуклеарно оружје

Read more

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Read more

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Read more

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Read more
 

Вести

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Читај повеќе

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Охрид

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради денот на полицијата

Читај повеќе

Снопче ги праша ДУИ: Со која партија ќе формирате влада и зошто не го поддржувате Пендаровски во вториот круг?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Читај повеќе

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на 8 ми мај, се одлучува за иднината

Читај повеќе

На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Путин издаде наредба: Вооружените сили на Русија ќе вежбаат употреба на нуклеарно оружје

Читај повеќе

Православните верници денеска слават втор ден Велигден и Ѓурѓовден

Читај повеќе