Бизнис

Научете како да изградите маркетинг стратегија од најдобрите во индустријата, на Webit Festival

20. март 2017 - 13:00 |

Животот денеска е подинамичен од било кога во минатото и ниту еден ден не ни е како претходниот. Во светот на бизнисот, ова е благослов но и клетва – во зависност од способноста на вашата компанија да се адаптира на социјалните и економските промени и максимално да го искористи потенцијалот на новата околина.

Најголемите трендови во маркетингот во 2017-та година, им помагаат на компаниите да комуницираат подиректно со потрошувачите и со тоа да го зголемат својот досег до јавноста.

На овогодинешниот Webit.Festival на 25-26 април во Sofia Tech Park, ќе може да ги слушнете дел од најдобрите индивидуи во маркетингот денес. За време на самитот за Маркетинг и Иновација, ќе зборуваат за разни теми во склоп на маркетингот. Овие инсајдерски информации ќе ви помогнат да го трансформирате својот бизнис во компанија на иднината и ќе ви ги даде најдобрите алатки за подобрување на бизнисот.

Директорот на дизајн во TBrand Studio, Греам Мекдонел ќе зборува за важноста на раскажување на приказни, а Џејсон Џерсинович - Бренд директoр и претседател на Havas Worldwide, ќе зборува за порастот на вештачката интелигенција и улогата на истата во политичкиот маркетинг.

Германскиот експерт Волкер Глаесер ќе ве информира за иновациите што ќе го променат дигиталниот свет и кои се најефикасните начини на креирање и тестирање на продуктите.

Генералниот менаџер на Phunware, Џон Хук, ќе зборува за промените во рекламирањето на мобилните телефони и кој е најдобриот начин да се адаптирате на овие промени. 

Во меѓувреме, Норм Џонсон од Mindshare ќе објаснува за големиот пазар на конектирање на уреди и тоа како да ги искористите маркетинг можностите што ги носи овој систем.

Ова се само дел од имињата на долгата листа на говорници на овогодинешниот Webit.Festival. Информации околу билетите за овој настан може да најдете тука.

 

Коментирај