Научници во Јужна Кореја измислија „говедски ориз“: Би можело да го замени месото

Јужнокорејски научници одгледале говедски клетки во зрна ориз, како што велат, голем чекор кон постигнување одржлив, достапен и еколошки извор на протеини што би можел да го замени месото.

Професорот Џинки Хонг од Универзитетот Јонсеи во Сеул, кој го предводеше истражувањето објавено во списанието Matter овој месец, рече дека „говедскиот ориз“ е првиот производ од ваков вид. Ги користи житариците како основа за одгледување на животински мускули и масни клетки.

Во истражувањето, зрната од ориз биле третирани со ензими за да се создаде оптимална средина за раст на клетките, потоа на нив биле додадени говедски клетки, кои биле одгледувани за да се добие финалниот хибриден производ, кој наликува на розово зрно ориз. Тимот на Јонсеи не е првиот што работи на лабораториски месни производи. Компании ширум светот лансираа култивирано месо; еден од најновите вклучува пилешко и јагула од растително потекло од соја, кои се продаваат во Сингапур.

„Одржлив извор на протеини“

Тимот на Хонг рече дека оризот има безбедносна предност во однос на сојата или јаткастите плодови бидејќи помалку луѓе се алергични на него.

„Ако успешно се развие во прехранбени производи, култивираниот говедски ориз може да послужи како одржлив извор на протеини, особено во средини каде што традиционалното сточарство е непрактично“, рече тој.

Говедскиот ориз содржи приближно 8 проценти повеќе протеини и 7 проценти повеќе масти од обичниот ориз. Хонг истакна дека протеинот во говедскиот ориз е 18 отсто од животинско потекло, што го прави богат извор на есенцијални амино киселини.

Со околу 2 долари за килограм и со далеку помал јаглероден отпечаток од традиционалните говедски производи, култивираниот говедски ориз може да биде конкурентен на полиците на продавниците, рече Хонг. Тој додаде дека предизвиците остануваат од техничка гледна точка и во однос на стекнување клиенти.

South Korean researchers grow beef cells in rice grains

Could #beef cells grown in rice grains one day replace cattle #farming as a sustainable, affordable and environmentally friendly source of protein? #Labgrownmeat #sustainability

Posted by China Daily Hong Kong on Friday, March 15, 2024
реклама

Наука

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Read more

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Read more

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Read more

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Read more
 

Гик

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Читај повеќе
  • filter

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Читај повеќе
  • play_arrow

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Читај повеќе

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Читај повеќе

YouTube тестира нов формат на реклами

Читај повеќе