Научник тврди дека открил кој прв се заразил со коронавирусот, СЗО направиле грешка

Б.С.Б.
/ 19.11.2021 / 08:40

Во списанието Science е објавен нов извештај за првиот случај на коронавирус во светот.

Ова истражување на научниците ги проучувало јавните извештаи за потеклото на коронавирусот во Кина, а сега сигурно повторно ќе ја отвори приказната за нулта пациентот или лицето коешто прво се заразило со вирусот SARS-CoV-2.

Како што ексклузивно пренесе The New York Times, Светската здравствена организација веројатно згрешила во хронологијата на пандемијата бидејќи новата анализа сугерира дека првиот познат пациент заразен со коронавирус бил продавач на пазарот во Вухан, а не сметководител кој живеел во близина на пазарот.

Мајкл Воробеј, научник и водечки експерт за следење на еволуција на вируси на Универзитетот во Аризона, откри отстапувања во временските рамки копајќи по сè што претходно беше објавено во медицинските списанија, како и по видеоинтервјуата во кинеските медиуми со двајца луѓе за кои се верува дека се првите документирани лица со коронавирус.

Тој тврди дека врската меѓу доставувачот од пазарот на морски плодови Хуанан и најраните хоспитализирани пациенти силно упатува на тоа дека пандемијата почнала баш на тоа место.

„Во овој град од 11 милиони луѓе, половина од нив се поврзани со место со големина на фудбалско игралиште. Многу е тешко да се објасни тој образец доколку се смета дека епидемијата не започнала на пазарот“, вели тој.

Други експерти велат дека Воробеј завршил одлична детективска работа и дека веројатно е во право кога вели дека првата заразена личност била продавач на морски плодови. Но, некои сметаат дека сè уште нема доволно докази за тоа каде и како почнала пандемијата.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Свет

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Read more

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Read more

AstraZeneca призна дека нејзината вакцина против COVID-19 може да предизвика несакани ефекти

Read more

Пивската партија влегува во изборната трка во Австрија

Read more
 

Вести

Мојсоска: На 8 мај младите ќе стават крај на истрошените елити кои немаат што да понудат

Читај повеќе

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Читај повеќе

Без струја дел од корисниците на Волково и Кучково

Читај повеќе

Променливо облачно, попладне дожд

Читај повеќе

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Читај повеќе

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Читај повеќе

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Читај повеќе