Навики поради кои изгледате постари отколку што сте

Еднаш штом се ослободите од овие навики, ќе изгледате помлади и кожата ќе ви биде посјајна и поздрава.

Некои луѓе природно изгледаат помлади за нивната возраст, додека други имаат малку позрел изглед. Иако не може да влијаеме на генетиката, може да влијаеме на навиките коишто ги имаме, а поради кои изгледаме постари за возраста.

Eat This, Not That одвои неколку навики коишто придонесуваат да изгледате постари од тоа што сте.

1. Претерувате со алкохолот

Алкохолот има повеќе негативни влијанија коишто скоро инстантно се гледаат. Поради него, кожата станува дехидрирана, а предизвикува црвенило и пукнати капилари поради што може да изгледате постари отколку што сте. Студија од 2019 година, спроведена на повеќе од 2.300 жени, покажа дека жените кои пиеле повеќе од 8 пијалаци неделно имале повеќе брчки, подрачјето под очите им било натечено и губеле волумен во средината на лицето.

2. Не пиете доволно вода

Ако не пиете доволно вода тоа може да доведе до дехидрираност којашто на лицето може да се манифестира со сувост, мали брчки и подочници. Според последните истражувања, жените дневно треба да внесат околу 15,5 чаши течност, а мажите 11,5.

3. Пушите цигари

Чадот од цигари содржи стотина токсини, а пушењето ги стеснува жилите и ја намалува циркулацијата на воздухот, со што не ја снабдува кожата со хранливи состојки. Ова сето звучи како рецепт за прерано стареење, а научно е потврдено дека и навистина е така. Студија спроведена на 79 парови близнаци покажа дека оние кои пушеле имале изразени подочници, брчки околу устата и висната кожа на образите.

4. Не употребувате крема со фактор

Ако кожата е пречесто изложена на сонце тоа може да резултира со сувост и црвенило. Со текот на времето УВ зрачењето може да предизвика трајна штета и промени на кожата. За да го избегнете тоа треба секојдневно да нанесувате крема со заштитен фактор.

5. Под голем стрес сте

Хроничниот стрес со текот на времето може да предизвика промени на неколку нивоа, може да ја промени структурата внатре во клетките кои содржат генетски информации. Тие структури се наречени теломери, а кога ќе се скратат колку што можат, умираат. Тоа е буквално процесот на стареење, а луѓето со пократки теломери имаат поголеми ризици од хронични заболувања.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Здравје

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе