НБА: Лејкерс победија во „Вечното дерби“ против Бостон Селтикс

Од петте натпревари кои се одиграа синоќа во НБА лигата, најмногу возбуда и неизвесност понуди оној во Лос Анџелес, во кој Лејкерс и Селтикс се бореа за победата до последната секунда од мечот.

Лос Анџелес Лејкерс на домашен терен го совладаа тимот на Бостон Селтикс со резултат 108:107.

Стартерите на двете екипи имаа разочарувачки партии, а единствениот кој се одвои беше Кајри Ирвинг, кој постигна 33 поени, кои сепак не беа доволни за да се избегне пораз. Клупата на Лејкерси дојде подготвена за овој натпревар и тие имаа тројца играчи со двоцифрен број на поени кои го почнаа натпреварот од клупата, од кои двајца постигнаа повеќе од 20 поени.

Кајл Кузма беше најдобар стрелец на Лејкерс со 28 поени, од кои 17 дојдоа во последната четвртина. Џордан Кларксон постигна 22, а Лери Ненс 11 поени за да му помогнат на тимот од Калифорнија да дојде до победата.

Сепак, резултатот висеше на конец до последните секунди од натпреварот, кога Маркус Смарт имаше шут за победа на Бостон, но промаши. По натпреварот многумина излегоа со критики за тренерот на Селтикс бидејќи му го оставил последниот шут на натпреварот на играч кој не е познат како добар шутер.

Останати резултати:

Оклахома Сити Тандер – Бруклин Нетс 109:108

Сан Антонио Спарс – Кливленд Кавалирс 114:102

Голден Стејт Вориорс – Њујорк Никс 123:112

Орландо Меџик – Сакраменто Кингс 99:105

реклама

Прелиминарни резултати по мандати: ВМРО-ДПМНЕ има 59 пратеници, Левица 6, ЗНАМ 5

Read more

Пендаровски: Резултатите се јасни, им честитам на победниците

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Ковачевски му честита на Мицкоски: Резултатот е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Read more

Кошарка

На Дончиќ не му одеше шутот, Далас го загуби првиот дуел од Оклахома

Read more

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Read more
 

Спорт

Ракометарите убедливо поразени од Фарските Острови

Читај повеќе
  • play_arrow

Фиорентина повторно ќе игра финале во Конференциската лига

Читај повеќе

Луис Енрике: Фудбалот понекогаш е толку нефер

Читај повеќе

Орсато означи крај во Париз и се расплака

Читај повеќе

Блесна стадионот во Битола: Пуштени рефлекторите Под Тумбе Кафе

Читај повеќе

Подготвени за нов спектакл? Реал и Баерн вечерва на мегдан за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

На Дончиќ не му одеше шутот, Далас го загуби првиот дуел од Оклахома

Читај повеќе
  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе