НБА: Винс Картер го постигна 25.000-от поен во кариерата

Синоќа НБА лигата ни докажа зошто е најдобрата спортска лига во светот. Возбудливата вечер донесе неколку интересни и неочекувани резултати, уште неколку легендарни индивидуални партии и многу неизвесност.

Легендарниот Винс Картер се запиша во историјата како 22-от играч кој успеал да постигне 25.000 поени во НБА лигата, откако синоќа учествуваше со 14 поени во поразот на неговиот тим Атланта Хокс од страна на Торонто Репторс со резултат од 124:108.

Иако поразен, Картер вистински се израдува кога го постигна 25.000-от поен во неговата професионална кариера и тоа на начинот на кој сите очекуваа од него – со забивање. Со 41 година, Картер е најстариот кошаркар во лигата, но и понатаму не се откажува и е решен да биде ментор на младите играчи, кои пораснаа угледувајќи се на него и неговата генерација.

Во долго најавуваното враќање на Леброн Џејмс во Кливленд, домашната публика не беше премногу возбудена поради неговото доаѓање бидејќи беа сигурни дека натпреварот ќе резултира во пораз. И токму тоа се случи, тимот на Кавалирс загуби од Лејкер со 109:105, а Џејмс беше најдобриот играч на паркетот, забележувајќи 32 поени, 14 скока и 7 асистенции. Талентираниот Лонзо Бол додаде 15 поени, 7 скока и 6 асистенции и притоа шутираше ефикасно од поле, додека Брендон Инграм заврши со 14 поени.

Останати резултати:

Шарлот Хорнетс – Индијана Пејсерс 127:109

Филаделфија Севентисиксерс – Њу Орлеанс Пеликанс 121:120

Бостон Селтикс – Њујорк Никс 109:117

Чикаго Булс – Феникс Санс 124:116

Хјустон Рокетс – Детроит Пистонс 126:124

Милвоки Бакс – Портланд Трејл Блејзерс 143:100

Минесота Тимбервулвс – Денвер Нагетс 101:103

Далас Маверикс – Бруклин Нетс 119:113

Сан Антонио Спарс – Мемфис Гризлис 103:104

Јута Џез – Сакраменто Кингс 110:119

Голден Стејт Вориорс – Оклахома Сити Тандер 95:123

реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Кошарка

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Read more

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Читај повеќе

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Читај повеќе

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Читај повеќе

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе