Не е време за скара и салата: ССМ ги повикува сите работници на протест на 1 Мај

Скопје, 19 април 2022 (МИА) – Сојузот на синдикати на Македонија ги повикува сите работници да се приклучат на протестот најавен за 1 Мај-Меѓународниот ден на трудот, поради неусогласувањето на останатите плати со минималната плата.

Од ССМ денеска посочија дека повеќе од 700.000 работници во државата се директно засегнати од потребата за зголемување на нивните плати.

– Борбата за достоинствени плати се пренесува на улица, а од сите зависи колку гласно и колку јасно ќе биде упратена пораката дека платата треба да се зголеми веднаш, велат од ССМ.

Од ССМ бараат линеарно зголемување на платите за најмалку 2.806 денари во нето износ во јавниот и во приватниот сектор од 1 мај годинава.

– Нема оправдување за секој оној кој на 1 мај ќе реши да оди на пикник, викенд или ќе остане дома, место да излезе на протест, зошто таму нема никој да го слушне и да го види дека му треба поголема плата, а на таков начин не си помага ниту себеси ниту на другите. Порачуваме дека не е време за салата и скара, борба е за твојата плата и за работнички права, ако не се бориш за себе и имаш добра плата, треба да бидеш солидарен и да се бориш за тие околу тебе кои немаат добра плата и немаат за добар живот, се наведува во објавата на ССМ.

Протестот ќе почне во 12:30 часот пред зградата на Сојузот на синдикатите, а ќе заврши пред Владата каде ќе бидат упатени барањата.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Македонија

Православните верници денеска слават втор ден Велигден и Ѓурѓовден

Read more

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Read more

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Read more

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Read more
 

Вести

Путин издаде наредба: Вооружените сили на Русија ќе вежбаат употреба на нуклеарно оружје

Читај повеќе

Православните верници денеска слават втор ден Велигден и Ѓурѓовден

Читај повеќе

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе