Не ја фрлајте лушпата од лук - корисна е на многу начини

Повеќето луѓе едноставно ги фрлаат лушпите откако ќе го излупат лукот, не мислејќи дека тие всушност можат да бидат корисни. И тоа, ни помалку ни повеќе, туку за супа.

Едноставно додадете ги со останатите состојки за супата и варете. Извадете ги додека ја процедувате супата. Ако се плашите од прејак вкус, додадете само до две лушпи, а ако сакате силен вкус на лук, можете да ставите цел грст.

Можете исто така да готвите супа само од кора од лук. Готова е за 10-15 минути откако водата ќе почне да врие. Течноста што ја добивате на овој начин можете да ја искористите и за готвење ориз или додавање во разни сосови, а можете да ја јадете веднаш како супа, со додавање на јуфки или кнедли по желба.

Откако ќе ги исчистите лушпите од лукот, не ги фрлајте, туку ставете ги во кеса и искористете ги. Фрлете ги само оние парчиња што се валкани.

Кората од лук е богата со фенилпропаноиди, кои се полни со антиоксиданси. Затоа е одлична за имунитет и има антиканцерогени својства. Многу експерти се согласуваат дека лушпата има повеќе вредни материи од самиот лук.

Богата е и со специфични флавоноли кои го намалуваат крвниот притисок и спречуваат таложење во артериите. Содржи и многу влакна. Сите овие состојки се одлични за здравјето на срцето, дигестивни проблеми и намалување на холестеролот и некои видови на рак.

Но, ако користите лушпа од лук, внимавајте да е органска, бидејќи во спротивно ќе внесете пестициди во вашата исхрана.

Други идеи за користење лушпи од лук
  • Ставете ги во замрзнувач и употребете ги за гулаш, грав, супи од зеленчук и чорби од месо.
  • Искористете ги за компост.
  • Кората од лукот е полна со фенилпропаноиди кои се полни со антиоксиданси и затоа е добра да се јаде. Додадете цели чешниња за време на готвењето и изедете ги, предлагаат експертите. Можете да ги печете со компири и месо или да ги додадете во варива како грав.
  • За чај: ставете лушпи од лук во лажиче-топче и потопете ги во врела вода. Оставете неколку минути.
  • Испечете неизлупен лук и додадете го во јадења. Целите глави лук, откако ќе ги отстраните првите валкани слоеви од лушпата, завиткајте ги во алуминиумска фолија и печете во рерна околу 40 минути на 180 степени. Можете да го чувате печен во фрижидер до седум дена или во замрзнувач до шест недели.
Тагови
реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Здравје

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе