Не јадете пред компјутер, направете пауза

Не си го запоставувајте здравјето со тоа што нема да правите паузи кога ви се потребни.

Сигурно барем еднаш сте имале толку многу обврски што не сте можеле да станете од работното место и да изедете еден оброк на раат. Наместо тоа, јадевте пред компјутер, додека истовремено работевте. Кај нас, тоа е честа појава, но на пример, во Франција е законски забрането со години (само сега, со оглед на состојбата со короната, француското Министерство за труд го смени законот за работни односи и им дозволи на луѓето да ги јадат попладневните оброци на работното место, односно на биро).

Целта на тој закон во Франција беше да ги охрабри француските работници да направат пауза од работата. Според многу студии, оваа пауза е неопходна за продуктивноста, како и за подолга концентрација додека работите, особено ако работата ви е поврзана со компјутер.

Бидејќи многу луѓе дома немаат канцеларија или дел од собата што е преуреден во работен простор, импровизираме што ќе ни биде работна маса - трпезариската маса, креветот, двоседот, фотелјата...

Луѓето кои работат од дома често се во близина на кујната, а тоа доведува до синдром на „несвесно јадење“.

„Кога јадеме несвесно, не размислуваме многу за физиолошките знаци на кои треба да обрнеме внимание (на пр. знаци на ситост). Поверојатно е дека ќе јадеме побрзо и нема да се чувствуваме сити“, вели Лин Редман, психолог и помошник-директор во Биомедицинскиот истражувачки центар Пенингтон.

Ако работите со физичко присуство на работното место, многу често немате многу голем избор на храна за оброкот што треба да го изедете додека сте на работа. Или носите нешто од дома, или ќе купите нешто од пекара, од најблиската продавница или ќе нарачате храна со достава заедно со колегите Од друга страна, оние што работат од дома ќе јадат сѐ што ќе им се најде при рака.

Исто така, постои голема можност да го зголемувате обемот на порциите бидејќи јадете дома. Овој олеснет пристап до поширок избор на храна исто така доведува до внесување повеќе калории.

Можеби ви се чини како добра идеја да читате пораки и мејлови или да скролате на социјалните мрежи додека јадете ручек седнати на биро, но ако станете и одвоите време да одморите и да јадете на раат, тоа ќе ви ја подобри продуктивноста. За одмор идеално е да одвоите од 30 минути до еден час. Ако не направите пауза каква што ви треба, може да се сооочите со зголемено ниво на стрес и исцрпеност.

Ако направите пауза за да ги наполните батериите и му дадете шанса на вашиот мозок да се рестартира, тоа ќе ви овозможи да бидете попродуктивни, пофокусирани и покреативни.

Нивото на стрес хормонот кортизол можеби веќе ви покачено периодов поради пандемијата. Според многу студии, продолжената изложеност на сина светлина (од компјутери до таблети и телефони) драстично го зголемува нивото на стрес хормонот во телото. Ако одморите и се оддалечите од работната маса, барем на кратко време, ќе го намалите и нивото на стрес.

Еве што треба да направите:

  • Закажете пауза за ручек. Без разлика дали станува збор за пократка пауза или подолга, одличен прв чекор е да закажете кога ќе направите пауза од работа. Ако за тоа време не можете да излезете од дома, не грижете се! Повеќе од доволно е само да се оддалечите од просторот каде што го поминавте целото утро.
  • Сменете ја средината. Ако можете, излезете од просторијата каде што работите. Излезете на тераса, до другата соба. На кое било место, само да не сте во просторијата каде што работите бидејќи таму имате чувство дека сте во работна средина и нема да се одморите правилно.
  • Додека работите од дома, однесувајте се како да сте на работа. Смислете што ќе јадете, најмалку еден ден претходно, правете паузи за кафе или чај и не го поминувајте работното време во пижами. Важно е да си создадете работна средина и да се обидете да замислите дека навистина сте на вашето вообичаено работно место.

Продолжете да читате: Што може да му се случи на вашето тело ако одеднаш помалку се движите?

реклама
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Живот

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како сами да направите антицелулитно масло?

Read more

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе