Не мора кусур, дај еден крек: Во Канада се отвора продавница за дрога

Кога канадската провинција Британска Колумбија на 31 јануари ќе го декриминализира поседувањето на мали количини тешки дроги во обид да го намали бројот на фатални предозирања, во Ванкувер ќе се отвори продавница каде што ќе можете да купите крек и хероин, пишува The Telegraph.

Потрошувачите ќе можат да купат до 2,5 грама хероин, крек, метамфетамин и други тешки дроги во продавницата The Drug Store. Трговците кои ќе работат во продавницата на работното место ќе носат панцири и маски за да не се знае нивниот идентитет.

Канадската конзервативна партија ја осуди одлуката на Британска Колумбија и изјави дека „отров ќе ги поплави улиците“. Новата демократска партија (НДП) моментално управува со Британска Колумбија и нејзините претставници рекоа дека решиле да го преземат споменатиот потег со цел да се намали бројот на предозирања кои завршуваат со смрт и барем делумно да се отстрани стигмата од зависноста од дрога. НДП неодамна покрена иницијатива каде зависниците можат да добиваат опиоиди преку рецепт. The Telegraph пишува дека иницијативата е финансирана од парите на даночните обврзници.

Во 2015 година во Британска Колумбија 529 луѓе починале од предозирање. Тој број скокна на 1.644 во првите осум месеци од 2022 година. Драматичниот скок се припишува на порастот на употребата на синтетичкиот опиоид фентанил.

Претседателот на конзервативците, Пјер Полиев, минатиот месец започна жесток напад врз политиките на Британска Колумбија против зависности. „Мораме да престанеме да ги користиме парите на даночните обврзници за снабдување со овие опасни лекови во име на безбедно снабдување. Нема безбедно снабдување со овие лекови. Тие се смртоносни и брзо создаваат зависност“, рече Полиев.

Продавницата The Drug Store ја отвора 51-годишниот поранешен зависник Џери Мартин, кој не допрел дрога веќе 15 години и чиј брат починал од предозирање. Мартин рече дека сака да им обезбеди на корисниците на дрога безбедни и докажани производи и стерилни игли, но и да ги едуцира како да ја надминат зависноста. Не се знае кои ќе му бидат добавувачи, но робата ќе се продава по цени нешто поскапи од уличните.

И покрај тоа што поседувањето на мали количини тешки дроги ќе биде декриминализирано, продажбата на истите ќе остане нелегална, што значи дека Мартин ќе прави прекршок. Сепак, полицијата во Ванкувер не ги гонеше продавачите на канабис, додека во пракса тоа беше нелегално. Продажбата на канабис за медицински цели стана легална во 2018 година, но и пред тоа можеше да се набави во специјализирани продавници во Ванкувер. The Telegraph пишува дека трговците во никој случај не се криеле, а полицијата соопштила дека имала други приоритети.

Ако полицијата го уапси, Мартин рече дека ќе поднесе обвинение и ќе утврди на суд дека Канадската повелба за права и слободи му дозволува да продава тешки дроги.

„Многу од овие луѓе секој ден ризикуваат кога се обидуваат да набават дрога. Ако таа не е чиста или безбедна, тие се ставаат и во опасни ситуации. Многу предатори ги принудуваат девојките да направат сѐ за дрога, без разлика дали можат да платат за дрогата или не. Мислам дека тоа не е добро за никого. Значи, тие можат да дојдат овде и да не мораат да се грижат за тие работи. Луѓето го гледаат тоа како лоша идеја, но треба да ја погледнете ситуацијата од перспектива на корисникот и неговото семејство“, рече Мартин. Неговиот адвокат, Пол Левин, смета дека Ванкувер е „многу прогресивен дел од земјата“.

Тагови
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Чек дис аут

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Read more

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Read more

„Село на духови“ кое стана популарна туристичка атракција

Read more

За што служи металниот дел на пакувањето од саламите?

Read more
 

Магазин

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Читај повеќе

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Читај повеќе

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Читај повеќе

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Читај повеќе

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Читај повеќе

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе