Не се знае каде на Земјата ќе паднат остатоците од огромната кинеска ракета

Остатоците од огромната кинеска ракета што испорача нов модел на вселенската станица во земјата во понеделникот се очекува да паднат на Земјата следната недела, соопшти Американската вселенска команда, која ја следи нејзината траекторија.

23-тонската ракета Long March 5B го носеше лабораторискиот модул Wentian во вселената и беше лансирана од островот Хаинан во 14:22 часот по локално време во неделата. Модулот потоа успешно се спои со кинеската орбитална станица.

Меѓутоа, откако ја заврши својата работа, ракетата почна неконтролирано да се спушта кон земјината атмосфера и не се знае каде точно ќе падне. Неконтролираниот лет е вкупно трет за Кина, која веќе е критикувана за лошото управување со вселенскиот отпад.

„Тоа е метален предмет тежок 20 тони. Иако ќе се распадне кога ќе влезе во атмосферата, бројни парчиња, некои од нив прилично големи, ќе паднат на површината", рече Мајкл Бајерс, професор на Универзитетот во Британска Колумбија и автор на неодамнешна студија за ризикот од вселенски отпад.

Вселенскиот отпад претставува исклучително мал ризик за луѓето, но можно е поголемите парчиња да предизвикаат штета доколку паднат на населени места. Бајерс рече дека поради зголемувањето на количината на вселенски отпад, тие мали шанси стануваат сè поголеми. Според проценките, можноста за паѓање на ракетни тела во Џакарта, Дака и Лагос е трипати поголема отколку во Њујорк, Пекинг или Москва.

„Ризикот може целосно да се избегне со оглед на технологијата и плановите за мисија кои овозможуваат контролиран влез во атмосферата, обично преку оддалечените делови на океанот, наместо неконтролиран влез“, рече Бајерс.

Шефот на Канцеларијата за вселенски отпад при Европската вселенска агенција (ESA), Холгер Краг, рече дека најдобрата практика е контролирано да се влегува во атмосферата и да се паѓа во оддалечените делови на океанот секогаш кога ризикот е превисок.

Американската вселенска команда продолжува да го следи падот на кинеската ракета на Земјата, а точната влезна точка во атмосферата ќе биде позната само неколку часа пред тоа да се случи.

Кина минатата година се најде на удар на критиките за својот вселенски отпад, откако лансираше модул на слична ракета. Остатоците паднаа во Индискиот Океан во близина на Малдивите десет дена по лансирањето. НАСА соопшти дека Кина не ги исполнува „одговорните стандарди“. Од друга страна, Кинезите ги обвинија Американците дека „шират страв“.

Во 2020 година, јадрото на кинеската ракета тешка речиси 20 тони влезе во атмосферата неконтролирано, помина директно над Лос Анџелес и Централ парк во Њујорк и падна во Атлантикот.

Вселенскиот отпад како стари сателити влегува во атмосферата секој ден, но не се забележува бидејќи согорува пред да падне на земја. Само големиот вселенски отпад, како што се вселенските летала и ракетните делови, претставуваат многу мал ризик за луѓето и инфраструктурата на земјата.

Remote video URL
реклама

Шокантни сцени: Најголемото вештачко езеро во САД на најниско ниво досега

Read more

Колку долго јајцата можат да се остават надвор од фрижидер?

Read more

Детали за несреќата во Радишани: Возачот што избега му го пресекол патот на младиот мотоциклист кој загина

Read more

Играч спречи контра напад и предизвика сообраќајка

Read more

Вести

Откриен живот во целосниот мрак под Антарктикот

Read more

Месечината Европа можеби содржи знаци на живот во скриен океан, научниците бараат потврда

Read more

Август носи магија на небото: Подгответе ја вашата листа на желби за ѕвездите што паѓаат

Read more

ChatGPT сега ги одбива барањата на корисниците да пишува во стилот на познати автори

Read more

Гик

  • play_arrow

Ask Maps во Google Maps сега може да нарача храна за корисникот, ги помни претходните разговори

Читај повеќе
  • play_arrow

Quake слави 30-годишнина со ново бесплатно проширување

Читај повеќе

Откриен живот во целосниот мрак под Антарктикот

Читај повеќе

Месечината Европа можеби содржи знаци на живот во скриен океан, научниците бараат потврда

Читај повеќе

Август носи магија на небото: Подгответе ја вашата листа на желби за ѕвездите што паѓаат

Читај повеќе

ChatGPT и Roblox ќе бидат предмет на построги правила во Европската Унија

Читај повеќе

ChatGPT сега ги одбива барањата на корисниците да пишува во стилот на познати автори

Читај повеќе

Рускиот истражувачки центар објави кој исполнува услови за вакцина против рак на кожа

Читај повеќе

YouTube воведува нови алатки што го олеснуваат креирањето thumbnails

Читај повеќе