Не штедете кога ги купувате овие работи

Според претпоставките, сите луѓе гледаат да заштедат колку што може при купување на било која ситница, колку и да е важна или потребна таа. Но, ако размислите подлабоко ќе дојдете до заклучок дека за некои работи навистина не треба да се штедат пари.

Прашањето „Кој е производот на кој не штедите пари кога го купувате“ беше поставено на социјалната платформа Reddit, а под него одговори даваа луѓе кои искрено мислат дека постојат работи на кои едноставно нема поента да се штедат пари.

Еден од најдобрите одговори беше „Сите работи кои се наменети за заштита, како кациги, чевли за работа, спортска опрема, стегачи и слично“. И навистина, зошто некој би штедел пари кога се работи за заштита на неговото тело? За најдобра заштита морате да се осигурате дека ја користите вистинската, најквалитетната опрема.

Неколку корисници препорачуваат да не се штеди на потребите за домот и домаќинството, односно на работи кои не се купуваат толку често. На пример, разликата помеѓу навистина квалитетно средство за миење садови и помалку квалитетно е само 30-40 денари за истата количина од средството, но бидејќи тоа се купува еднаш месечно или еднаш на неколку месеци – нема поента да штедите на него. Истото важи и за шампони, пасти за заби, сапуни и средства за домаќинство.

Исто така, доколку самите сакате да си го склопите новиот компјутер, постојат неколку делови на кои апсолутно не смеете да штедите. Еден од нив е напојувањето, кое е клучно за работата на компјутерот. Поевтиното напојување може само да предизвика повеќе штета и доколку се расипе брзо по купувањето, сепак ќе треба да биде заменето со ново – што значи дека ќе треба да дадете двојно повеќе пари. Сличната логика може да се употреби и за автомобилските делови. Секој дел кој е клучен за работата на автомобилот платете го во целосната цена и осигурајте се дека тој доаѓа од квалитетен производител, за да се поштедите од понатамошни трошоци.

Еден од најголемите трендови во последните неколку години е тетовирањето, па затоа ако се решите да се тетовирате – советуваме да го направите тоа кај доверлив, способен тату-артист, иако тоа би ве чинело некој денар повеќе. Заштедувањето на 500 или 1.000 денари нема да го доживеете како победа за вас доколку тетоважата не изгледа онака како што сакате или пак избледи по првото излегување на сонце.

реклама

Рисицата Благица ги израдува македонските еколози

Read more

Нови цени на горивата од полноќ

Read more

Иран го возвраќа ударот: Со дронови нападнати американските воени бродови во Оманскиот Залив

Read more

Сидни Свини осамна целосно гола во новата епизода од Euphoria

Read more

Живот

Каде треба да стои филодендронот во вашиот дом за да привлекува љубов?

Read more

Како Уран во Близнаци oд 20 до 26 април влијае на секој хороскопски знак? 

Read more

Пролетно освежување: Како да го преуредите домот за малку пари?

Read more

Не фрлајте ги старите фармерки: Со едноставен трик повторно ќе изгледаат како нови

Read more
 

Магазин

Дали е безбедно да се земаат куркума и мед заедно?

Читај повеќе

Каде треба да стои филодендронот во вашиот дом за да привлекува љубов?

Читај повеќе

Како Уран во Близнаци oд 20 до 26 април влијае на секој хороскопски знак? 

Читај повеќе

Што се случува во телото ако јадете ист оброк секој ден?

Читај повеќе

Колку се здрави протеинските прашоци?

Читај повеќе

Ослободете се од болките во грбот: Десетминутната рутина што ќе ви го промени животот

Читај повеќе

Психолог тврди дека има едно нешто што ви треба повеќе во врската од љубовта

Читај повеќе

Видови активности што се поефикасни за губење на тежината од пешачењето

Читај повеќе
  • filter

Пролетно освежување: Како да го преуредите домот за малку пари?

Читај повеќе