Нејмар: Заслужувам поголема почит

Бразилскиот фудбалер Нејмар(29) ги нападна оние што го критикуваат и рече дека заслужува поголема почит од бразилските навивачи и медиумите.

„Не знам што уште морам да направам за да ме почитуваат навивачите“, изјави 29-годишниот фудбалер.

Напаѓачот на ПСЖ на натпреварот против Перу(2:0) за квалификациите за СП 2022, се запиша во листата на стрелци и имаше една асистенција, но повторно беше мета на критики.

На навивачите им пречи неговиот начин на живот, однесувањето на терен, расправиите со останатите играчи, а исто така сметаат дека е премногу дебел.

„Ова веќе не е нормално. Понекогаш не сакам ниту да дадам интервју, но во важните моменти ја извршувам оваа должност“, додаде Нејмар кој во дресот на бразилската репрезентација постигна 69 голови на 113 настапи.

За да ги замолчи критичарите кои го напаѓаат дека е премногу дебел, откако постигна гол против Чиле, го крена дресот и го покажа стомакот.

Нејмар има огромен талент, но секогаш е мета на критики.

„Ова се случува веќе некое време“, истакна тој.

Тагови
реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Фудбал

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Read more

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Read more

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Read more

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Read more
 

Спорт

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе
  • filter

Грчка новинарка влезе во историјата на Евролигата: Тука сум да кршам стереотипи

Читај повеќе

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе