Некои од најчестите заблуди во филмовите

Јунаците од филмовите се „семоќни“. Секоја нивна реченица е совршено темпирана, во опасни случаи донесуваат намерни одлуки во милисекунда, а потоа „пукаат“ со оние свои „оригинални фори“… Накусо, филмовите се тука за да нѐ забавуваат, па обично луѓето се свесни дека она што го гледаат на големото платно или малите екрани - не е вистина.

Меѓутоа, некои работи (што човекот никогаш нема да ги доживее, освен на филм), се случуваат толку често што со текот на времето се прифаќаат како нормални. Следат 10 од најчестите заблуди со кои Холивуд и сценаристите постојано нѐ хранат.

Хлороформот не делува брзо!

Филмаџиите постојано сакаат да ја прикажуваат хемиската супстанција хлороформ како „магично решение“ за тивко и брзо заспивање на непријателот. Но, работите не одат баш така во реалноста.

Хлороформот просто ја нема таа делотворност. Ќе ве заспие, дури и со мали дози, но тоа не се случува веднаш. Затоа, шамиче натопено во хлороформ не само што нема веднаш да Ве стави в несвест, туку би имале и 5 минути за да го соборите противникот.

Митот за парклот Јура…

Иако во овој случај се работи само за теорија претворена во филм (и книга), многумина веруваат дека клонирањето диносауруси е можно. Всушност, ДНК може да се зачува под одредени околности, но по така долго време – недоволно за успешно да се добие употреблива ДНК на диносаурус… И да се создаде живо суштество кое ќе нè растргне на парчиња.

Но, митот околу тоа бил толку раширен, што научниците решиле да спроведат истражување за да докажат дека оваа теорија е лажна.

Кардиопулмонална реанимација - ЦПР

Оваа сцена ја има во безброј филмови – некој е практично мртов, но одеднаш се појавува главниот лик и со ЦПР „го враќа од гроб“…

Итната помош со срцева масажа и дишење на уста – навистина спасува животи, но филмовите и пречесто даваат погрешна слика за тоа. На пр. ако се појави срцева слабост, компресиите нема магично да го натераат срцето повторно да работи. Целта е да се одржи протокот на крв во телото додека не пристигне итната помош, а и многу е важно сѐ тоа да се направи како што треба бидејќи во тие случаи, тенка е границата меѓу животот и смртта.

Лагата за секс животот на шпионите

Ако Џејмс Бонд нè научил нешто, тоа е дека „животот на шпионот е постојана зафрканција со алкохол, скапи автомобили, коцкање, пукање и кршење строги правила“. Така, филмовите создадоа прилично нереална слика за вистинските шпиони во светот.

Како прво, шпионите бираат возила што нема да се истакнуваат, затоа што поентата е да бидеш незабележлив, а не секој да те испрашува – колку коњи има и колку троши?

Што се однесува до сексот – тој само непотребно ја комплицира ситуацијата и не носи резултати, а вистинските агенти додаваат дека идејата за „секси шпиони“ е „одглас“ на Маргарет Зела, многу попозната како Мата Хари, поради што повеќето женски шпиони на филм се претставени како модели во тесна облека…

Натаму, ни кршењето на правилата е нешто на што тајните служби не гледаат така „љубезно“, особено не во случаи на несовесно трошење. Поранешната агентка Емили Брандвин додава дека повеќето оперативци на ЦИА дури и не носат оружје освен ако не се во непријателска средина. Освен тоа, повеќето агенти признаваат дека имале најмногу еден „Бонд момент“ во текот на нивната долга кариера, а велат дека едноставно „не се доволно романтични, доволно интересни или доволно опасни“ на секојдневна основа.

Кога куршумот ќе полета…

Сцените каде што застрелан лик „лета“ од силата на ударот на куршум се неописливо забавни и веројатно многу луѓе мислат дека тоа е вистината… Оружјето, просто, не функционира така – поради физиката. Тоа значи – оружјето ќе предизвика иста реакција и кај лицето кое го држи оружјето, и кај лицето кое го прима куршумот. Со други зборови, вториот ќе умре, но нема да лета.

Два пиштола, нула поени

Иако ова речиси исчезна од акционите филмови, па сега е почеста појава во видеоигрите, некогаш беше исклучително популарно кога акционите херои летаат низ воздухот (се разбира – во „бавно движење“) и пукаат со два пиштола во истовреме.

Тоа е, веројатно, замисла на некој имагинативен сценарист кој никогаш не пукал со огнено оружје, бидејќи оние кои го испробале тоа, ќе потврдат дека со тоа можностите да погодите што било – се блиску до нула.

Жив песок

Ако случајно некој падне во жив песок и нема никој наоколу, Холивуд не Ви предвидува светла иднина… Но, се чини, работите не се дотолку драматични. Живиот песок е само – кал, и во повеќето случаи ќе може слободно да се извлечете со малку знаење и трпение.

Пред сѐ, паничното фрлање и обидот сами брзо да се извлечете само ќе ја влоши состојбата. Значи, без паника, без брзање и – чекор по чекор. Освен тоа, најголемиот проблем при паѓање во жив песок, реално, не е давењето, туку ако не може да се излезе – Сонцето на крајот убива.

Лагата за избиструвањето

Можеби една од најчестите заблуди во филмовите и сериите е можноста полицијата и форензичарите да избистрат заматена снимка до степен да може да се видат влакната на носот на сторителот.

Секако, опцијата „подобрување, подобрување, подобрување“ досега функционира само во имагинацијата.

Инаку, фотографија со ниска резолуција може донекаде да се избистри, но тоа е – „отприлика“. Со зумирање и „чистење“ матна фотографија, нема да се добие одразот на лицето на убиецот на помало стакло.

Со развој на технологијата, сепак, камерите за надзор добиваат и подобра резолуција и слика, па и сѐ помалку ќе има потреба од тоа избистрување.

Злобни хакери

Иако живееме во време кога компјутерите се сеприсутни и сѐ повеќе луѓе се барем минимум компјутерски писмени, Холивуд сепак не се откажува од клишето „злобен хакер“. Навистина, денес тие имаат малку подобра слика од порано, но се чини дека сценаристите одбиваат да го подобрат своето стереотипно прикажување на хакерите како осаменици кои незаконски упаѓаат во податоците и ги крадат, од подрумот на мајка им.

Во реалноста, хакирањето веќе е легитимна и легална работа. Многу компании ангажираат професионални хакери за да ги проверат нивните системи и да најдат слабости за да се заштитат од оние кои, така да се каже – „немаат чесни намери“… Но, ни тие „морничави бубалици“ не изгледаат како што повеќето филмови ги прикажуваат.

Експлозиите во позадина…

Холивуд е виновен за повеќе заблуди поврзани со експлозиите. Но, најголемата и визуелно највпечатлива е – мирната прошетка на филмските јунаци (се разбира – во бавно движење) додека позади се случува напалм…

Што всушност би се случило?

Бранот од експлозијата можеби нема да ги исфрли луѓето доколку тие се доволно далеку, но тој исклучително силен удар секако ќе ги собори веднаш на земја. Најмалку тоа…

Поточно, нема да изгледате олку фраерски како Антонио Бандерас и Салма Хајек во „Desperado“.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Филм & ТВ

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Read more

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Read more

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Читај повеќе
  • play_arrow

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Читај повеќе

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Читај повеќе
  • play_arrow

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Читај повеќе
  • play_arrow

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Читај повеќе

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Читај повеќе

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе