Неколку причини за појава на непријатен здив

Сигурно не ви се случило еднаш да имате непријатен здив, а тоа најчесто се случува во раните утрински часови, кога се уште не сте ги измиле детално забите.

Сигурно доста пати сте се запрашале како да го отстраните непријатниот здив, сте се обидувале преку најразлични методи, но ништо не вродило со плод.

Порталот „Web MD“ подготви листа од најчестите причинители за појава на лош здив, па можеби токму овде ќе ја откриете причината за сопствениот проблем.

Алкохол

Доколку одите на некоја прослава или обично излегување навечер, тоа обично вклучува консумирање на алкохолни пијалаци. Иако алкохолот е во течна состојба, тој доста ја суши устата, што поттикнува работа на бактериите кои можат да доведат до непријатен здив. Кофеинските пијалаци и зачинетата храна исто така можат да доведат до појава на непријатен здив.

Бактерии на јазикот

Бактериите на јазикот се една од главните причини за лош здив. Чистете го јазикот со четка за заби, за да ги отстраните потенцијалните бактерии.

Диета со ниско ниво на јаглехидрати

Кога ја редуцирате консумацијата на јаглехидрати, а го зголемите внесувањето на протеини, вашето тело почнува да ги согорува мастите кои се претвораат во енергија. Во тој процес учествуваат кетоните, кои можат да предизвикаат непријатен здив. Во овој случај, поостри мерки за хигиена на забите нема да го решат проблемот, а привремено можете да го санирате со гума за џвакање.

Честа настинка

Честите настинки и бронхитисот исто така можат да бидат причина за непријатна миризба од устата.

Чир

Чирот сам по себе не е главен причинител за појава на непријатен здив, но бактериите кои го предизвикуваат, помеѓу кои се истакнува helicobater pylori, и тоа како придонесуваат за тоа.

Лекови

Повеќе од 400 видови на лекови, помеѓу кои се истакнуваат антидепресивите и антиалергиските лекови, можат да го намалат создавањето на плунка во усната празнина, па со самото тоа да доведат до сушење на устата и појава на непријатен здив.

Сушено овошје

Сушеното овошје содржи висока концентрација на јаглехидрати, а главната храна за бактериите сместени во устата се токму шеќерите. Покрај тоа, сувото овошје е лепливо, така што може да се заглави помеѓу забите и да предизвика непријатна миризба од устата.

Кариес

Расипаните заби имаат големо влијание за појава на лош здив. Исто така, кариесот доведува до создавање на шуплини во забите, што на крај доведува до нарушување на општото орално здравје.

реклама

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Здравје

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Read more

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Read more

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Read more

Храна што треба да ја одбегнувате по 40-тата година

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

30-минутни интензивни вежби за совршени нозе

Читај повеќе

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Читај повеќе

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Читај повеќе

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Читај повеќе
  • play_arrow

Од жица и камења сами направете убави саксии

Читај повеќе

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Читај повеќе

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Читај повеќе
  • play_arrow

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Читај повеќе

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Читај повеќе