Неколку совети како преку сијалиците да ја намалите сметката за струја

Не ставајте растенија пред прозорецот, проверете ја енергетската класа на сијалицата за да заштедите струја, но и за да ја намалите сметката.

На секој чекор, дома и надвор, опкружени сме со различни видови на светилки кои сите ние генерално ги земаме здраво за готово.

Ни се чини дека не трошат премногу енергија, или воопшто не размислуваме за тоа, но нивната потрошувачка, односно употребливоста не е единственото нешто на кое треба да се внимава кога се работи за осветлувањето.

Ако сега купувате нови сијалици, не сметајте ја само нивната моќност како главен фактор на избор, заедно со цената што вообичаено сите прво ја гледаме.

Перформансот на сијалиците се мери во лумени и на овој начин може директно да се споредат две или повеќе сијалици во однос на количината на светлина што ќе ја добиеме на одреден простор.

Поголем број на лумени значи поголема количина на светлина што ја произведува сијалицата, а проверете го и односот лумен/ват, што ја рефлектира ефикасноста на сијалицата, т.е. колку вати електрична енергија се потребни за да се произведе одредена количина светлина (лумени).

Покрај лумените, при купувањето проверете ја и класата на енергетска ефикасност - класата А е најдобар избор, која троши до 40% помалку електрична енергија во споредба со класата D.

Погледнете ја скалата за енергетска ефикасност и не заборавајте да ја примените кога купувате сијалици и други уреди:

Проверете го и животниот век (бројот на часови) што ќе трае сијалицата за да ги намалите трошоците за одржување и влијанието врз животната средина, бидејќи - подолг животен век значи помалку потрошени сијалици. И бојата на светлината, односно температурата на бојата, може да биде многу важен фактор за многу луѓе, па затоа направете избор помеѓу сијалици кои светат, т.е. даваат синкаво бело светло и оние кои сјаат подискретно и потопло со повеќе жолти тонови.

Поранешните блескави сијалици секогаш ја даваа истата, топла бела боја на светлината, додека флуоресцентните сијалици и LED сијалиците нудат опсег на бои изразени во келвини. Ако барате топло бело, како старите сијалици со вжарени нити, тогаш одете на 2.700 келвини, додека за ладно амбиентално бело треба да одите со 4.000 келвини или повеќе. Верувајте ни - ќе гледате сè поинаку во различна боја на светлина, затоа добро подгответе се пред да купите.

Избегнувајте да купувате сијалици пониски од класата А бидејќи ќе трошат многу повеќе струја, а разликата во цената воглавно не е драстична.

Не е неважна ниту бојата на ѕидовите, подот или таванот во просториите каде што најчесто престојуваме. Кога користите посветли површини, светлината се расфрла кога ќе ги погоди и на тој начин повеќе го осветлува просторот, па би било паметно да изберете посветли нијанси и бои кои не се „тешки“ за дневните соби и просториите во кои најчесто престојувате. Темните ѕидови апсорбираат светлина. Исто како и завесите, теписите или мебелот.

Се разбира, инсталацијата на сензори за вклучување и исклучување на светлата автоматски ќе придонесе за заштеда, но за повеќето луѓе во Македонија ова претставува директна инвестиција во Smart Home, што не секој може да си го дозволи. Сепак, сите треба да знаеме дека детекторите за движење во ходниците и на скалите, на пример, можат да заштедат до 50% од електричната енергија во однос на потрошувачката на осветлување. Инвестирањето во сензори е речиси еднократна инвестиција, ако го правите правилно, но може да донесе значителни заштеди за годините што доаѓаат.

Проверете ја чистотата на сијалиците насекаде во станот и дома, бидејќи нечистотиите можат да апсорбираат и до 50% од светлината, која ја губите на овој начин - редовно чистете ги и подобро ќе светат, а за осветлување на просториите ќе бидат потребни помалку сијалици кои се вклучени во исто време. Валканите прозорци, помалку растенија пред прозорецот, избегнувањето темни завеси, како и поставувањето на работните и кујнските маси поблиску до прозорецот придонесуваат за помала потрошувачка на енергија, бидејќи го намалуваат предвременото вклучување на светлата.

Декоративното осветлување секогаш треба да се исклучува кога нема потреба од тоа, имајќи предвид дека тоа не придонесува за значително зголемување на осветленоста на просторијата, туку само делува разубавувачко, а е значаен потрошувач на енергија. Дури и со користење на столна ламба ќе заштедите струја, бидејќи нема непотребно да ја осветлувате целата просторија, па затоа во работните површини во станот или дома, на места каде што читате или учите и работите на компјутер, користете ламби, наместо да ја осветлувате целата соба на вообичаен начин.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Живот

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како сами да направите антицелулитно масло?

Read more

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе